Инвестицискиот самит во Охрид ќе биде одлична можност за презентација на овие позитивни искуства на странските инвеститори и воопшто, на можностите за создавање профит во Македонија пред претставниците на македонската дијаспора.
Сите студенти на редовни и вонредни студии кои сакаат да отворат фирма во Централниот регистар преку електронски пат, наместо досегашните 1.190 денари ќе треба да платат надомест од само 250 денари.
Задоволни сме што Владата за прв пат проговори за реалниот проблем на стопанството со наплатата на долгот кон компаниите.
Премиерот Никола Груевски, со цел економски тим, ги собра на едно место бизнисмените, сопствениците на акции и удели во компаниите и менаџерите на над 700 компании за да им ја презентира владината економска стратегија.
Во изминатите неколку денови, царинските службеници открија четири обиди за избегнување плаќање царински давачки.
Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика, невработеност во вториот квартал годинава се намалила.
Седум македонски винарии од здружението Вина од Македонија потпишаа договор со кинескиот увозник и дистрибутер Тиенџин за извоз на македонското вино.
Владата донесе оперативен план за вработување на невработени лица.
Во земјава во првите осум месеци од годинава се отвориле 6.000 нови фирми, а се затвориле 4.000 фирми.
Нема да се зголемува данокот на додадена вредност како што тоа го направија другите држави, дециден е првиот финансиер Зоран Ставрески.
Новиот инструмент задолжница не може да им помогне на фирмите со блокирани сметки, но министерот Ставрески најави дека многу скоро ќе излезат со решение како да се исчисти базата на податоци од фирмите кои не работат со години, а само фигурираат во регистарот.
Почна да функционира новиот инструмент задолжница. Во изминативе десетина дена издадени се две задолжници во вредност од 24 милиони денари или 390 илјади евра. Ова вчера го објавија министерот за финансии Зоран Ставрески и директорот на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски.
Германскиот Уставен суд го отвори патот за спас на еврозоната, со одлуката дека Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) е легален.
Процедурата за пријава, односно одјава на работници на определено време е поедноставена, но со ова недоволно се запознаени работодавците.
Српската влада донесе одлука да го зголеми ДДВ-то од 18% на 20%, додека на сите животни намирници задржана е ниската стапка од 8%.
Словенечката фабрика за акумулаторски батерии (ТАБ) Межица купи удел од 85% во македонската компанија Весна САП и сака да го прошири производството и во земјава.