Нашата цел е да добиеме ПРИЈАТЕЛ во секој наш КУПЕЦ, свесен дека СИНПЕКС не е место каде по секоја цена мора да му се продаде, туку место каде пријателски, совесно ќе биде советуван што точно треба да набави.
Во економската зона Марино-Кадино вчера беше пуштен во употреба новиот стопански објект, инвестиција на компанијата Белина вредна 600 илјади евра.
Вкупно 43% од автопатот Миладиновци - Свети Николе - Штип се веќе пробиени од почетокот на изградбата што започна пред пет месеци, а треба да заврши за три години.
Со новите измени во Законот за работни односи, работниците во Македонија ќе имаат можност да заминат во пензија три години подоцна од досега законски предвидената старосна граница за пензија.
На крајот, сепак она што е најважно е покрај велигденската трпеза да се собере семејството.
Даталаб оваа година за прв пат зема учество на реномираниот саем за земјоделство и агротехника, TechAgro 2014, кој се одржа во Брно, Чешка, каде го претстави своето решение за целокупна евиденција на активностите и процесите на фарма, Pantheon Farm.
По неколку изминати години што ги одбележаа кризата, финансиски пакети за помош и мерки на штедење, економистите, иако со претпазливост, конечно најавуваат дека доаѓаат подобри времиња.
Ниските приходи во однос на трошоците за домаќинството и високата невработеност се главните причини поради кои работниците се согласуваат на работа без договор за вработување или на договор за помала плата од реалната.
Од утре во 11:30 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, под мотото Да го зачуваме и развиваме занаетчиството сите заедно, затоа што Занаетчиството е се околу нас, започнува манифестацијата Денови на занаетчиството во РМ 2013, која се оддржува традиционално по четврти пат.
"Можеби превртеното танцување ќе стане меинстрим? Ако е така, се извинуваме!"
По повод Денот на пиратеријата, Координативното тело за интелектуална сопственост организира јавно уништување на одземените производи со кои се повредени правата од интелектуална сопственост.
Брендот Volkswagen Kомерцијални возила ја одликуваше компанијата Порше Македонија со престижното признание „Импортер на годината за 2012”.
Производи од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и други земји од регионот стигнаа на пазарот на Блискиот Исток, во супермаркетот ЕуроБалкан шоп, кој деновиве свечено беше отворен во Дубаи.
Од Стопанската комора на Македонија на вчерашната прес-конференција посочија дека месните капацитети во државата ги задоволуваат потребите на домашниот пазар за свежо месо, а недостиг има за преработките што се надополнува со увоз од околу 90% говедско и 50% свинско месо.
Новиот закон за индустриски зелени зони овозможува формирање на индустриски и зелени зони во единиците на локална самоуправа со основна цел да се забрза економскиот развој на општината со привлекување странски и домашен капитал.
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија одлучи максималната каматна стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 3,5%.
Раководителите на фирмите во анкетата на Државниот завод за статистика оценија дека економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија е поповолна во февруари во однос на јануари годинава, а понеповолна споредено со февруари 2012.
Во јануари годинава од Македонија извезени се производи во вкупната вредност 305.638.000 американски долари, а увезена е стока со вредност од 497.227.000 долари.
Во селото Слепче во Демир Хисар, викендов беше отворена фабрика за производство на балетски обувки и опрема од страна на руски инвеститори.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2012 година изнесувала 31.466 денари и била за 0,4% поголема во споредба со декември 2011 година. Износот, пак на нето платата бил 21.469 денари.
Од АД Електрани на Македонија соопштуваат дека состојбата поради обилните врнежи и зголемениот дотек на вода внимателно се следи и се преземаат превентивни мерки за целосно прифаќање и искористување на хидропотенцијалот што се слева во хидроакумулациите.
Делегација на Светската туристичка организација, која функционира во рамки на Обединетите нации, денес и утре ќе го посети Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Според оценката на раководителите, eкономската состојба на деловните субјекти во јануари 2013 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јануари 2012 година
Тестираното млеко и млечните продукти произведени во Македонија, кои се во продажба, се безбедни за употреба.











