Повикот е отворен денеска и ќе трае 60 дена. За финансирање проекти од овој повик обезбеден е вкупен износ од 450.000 евра, наменети за 15 старт - ап и спин - оф претпријатија.
Настанот почнува во 12 часот, со Мајкл Голдберг, кој ќе зборува како Македонија да го поттикне растот на инвестиции на бизнис ангели во стартапи, додека Даринка Буровска ќе говори за македонската старт-ап сцена и како да се мотивираат младите креативни умови.
Електричните траки на ElectRoad може да се интегрираат на патиштата на оддалеченост од еден километар, по што возилото може да помине и до пет километри откако ќе се наполни на траката.
Направен е од дрво, коешто е совршен термички изолатор, метал и специјален вентилатор, може да ја спушти температурата до три степени, а лади површина и до 12 метри квадратни.
Дали барате нови начини како да ја зголемите интеракцијата на вашите фанови на Facebook? Поради сите промени што ги направи Facebook, да поттикнете интеракција на вашите фанови е поважно од било кога.
Основни поими што мора да ги знаете: Keyword (Клучен збор) – збор или фраза кој вашите потенцијални клиенти ја внесуваат во пребарувачот за да најдат некоја услуга или производ.
Апликацијата Бебе Готвач содржи рецепти поделени по месеци уште од самиот почеток на дохраната, од 6-месечна возраст, па нагоре.
Нина Ангеловска, генерален менаџер и ко-основач на Grouper.mk, се наоѓа на листата на 100 жени основачи на стартапи од Европа, што ја состави еминентниот германски магазин The Hundert.
Следејќи ги новите трендови и вложувајќи во нив, бизнисите се чекор понапред од нивната конкуренција, а со самото тоа имаат и можност за освојување нови пазари.
Планот е флотата да брои 50 Mercedes автомобили, вклучувајќи E class, S class и Vito/Viano.
Играта е целосно изработена од тим од четворица македонски дизајнери, Војкан Крстевски, Тони Тошевски, Ивана Станковска и Маја Матовска, и незаменливиот Михајло Димитриевски - Тхе Мичо.
Компанијата Waverly Labs од Њујорк го создаде првото паметно апаратче што може да се носи во уво и да преведува четири јазици во реално време.
Благодарение на нивниот модуларен дизајн, корисникот може да креира модел којшто најмногу ќе одговара на просторот каде што живее и потоа да го смени кога ќе посака.
Конференцијата можете да ја следите во живо, од 17.00 до 18.00 часот, во просториите на Hub Скопје и директно да поставувате прашања.
ЦЕЕД Македонија со целосна финансиска поддршка од Филип Морис ТКП, од септември 2015 година до февруари 2016, ja спроведе програмата Моја идеја! Мој бизнис! со цел развивање на претприемачките способности на младите од пелагонискиот регион.
Тимот на оваа платформа го сочинуваат 137 лица. Најголемиот дел од нив работат во Гринпоинт, Бруклин. Нивните канцеларии се сместени во легендарната фабрика за производство на пенкала – Blackwing pencil.
Со секое купено шише, една личност од загрозените подрачја во Африка добива систем за филтрација што ја прочистува водата за пиење.
Кога корисникот ќе изгуби некој предмет што го има на списокот, може да ја активира мобилната апликација и да види дали предметот е во близина од 100 метри. Доколку е во близина, може да го активираат звучниот сигнал за да открие каде е предметот.
Овој вид на кошници се први од таков вид во светот, а засега ги има само во Босна и Херцеговина.
Лажиците доаѓаат во три вкусови - слатка, солена и лажица без вкус, со цел да бидат соодветни на типот на храната што се консумира со нив.
Во Askey има сензор што го следи движењето на клучот и ги ажурира податоците преку посебна апликација.
За неполни 30 часа, играта го постигна посакуваниот праг од 18.000 долари, за да се вброи во групата успешно финансирани проекти, а до крајот на кампањата остануваат уште 28 дена.
VAGO е минијатурен компресор што заштедува и остана дополнителен простор во куферите при патување бидејќи ги вакумира меките предмети, како што е облеката.