На работното место самодовербата се разликува кај мажите и жените. Тоа што ја зголемува вербата во себе кај мажите е постигнувањето резултати, додека кај жените градењето добри меѓусебни односи со колегите.
Колку пати до сега сте си рекле: е ова е најдоброто што можев да го направам. Или колку пати сте слушнале некој да ви каже: ова е најдоброто што можев да го направам. Но, дали е тоа доволно?
Многу сме, бре, површни. И проблемот е во тоа што сите тие кои се површни не разбираат дека, ако се површни на работа, тие се површни и дома и со пријателите и со фамилијата и насекаде!
Звукот создава расположенија, создава емоции и им помага на потрошувачите да создадат емотивна врска со брендот.
Јас знам да им кажам на тимот дека само со перење на садовите и средување на работите околу кујната на работа, може да се запознаат и согледаат сите нивни позитивни и негативни квалитети во работата.
Критиката се упатува директно и "на само". Единствен начин да се постигне конструктивна критика е да се укаже директно на причинителот без присуство на останатите соработници.
Постои разлика помеѓу лице што држи паметен телефон и отворено снима трето лице и кога тоа исто лице снима трето лице преку Google Glass, каде снимањето не е видливо за никој друг освен за корисникот на очилата.
Има многу начини како да се разбереме, но најважниот е да си кажеме кога не разбираме! Тоа е најважно. Ако не си кажете, тогаш нема да знаеме дека не разбираме, едноставно е. Немојте да се срамите да си кажете.
Личниот контакт со производот на купувачот му дава чувство на сопственост и на блискост. Тие создаваат поцврста врска со производот и како резултат на тоа може да се зацврсти лојалноста кон брендот.
Денес маркетингот се заснова на концептот на „Брзо и Алчно“. Тој се претвора во политичка кампања, каде сите ветуваат се и сешто, a на крајот најдебелиот крај го извлекува крајниот потрошувач.
Навидум лесно, но процесот на преместување од едно на друго работно место е доста сложен процес, кој бара претпазливост во изборот, добро осмислена стратегија за настап, олеснување на самиот трансфер.
Немојте завиено да зборувате. Никој не ви мисли лошо, а тие што ви мислат лошо, колку и да се пазите од нив, ви мислат лошо. Немојте поради таквите вие да се менувате.
Кога одиме низ животот споро го намалуваме стресот, ги забележуваме деталите околу нас, ги живееме моментите подолго, го зголемуваме денот, минутата, правиме помалку грешки... живееме позадоволно.
Во тимскиот спорт може да победите и ако играте слабо тој ден, додека во индивидуалниот спорт сè зависи од самите нас.
Имајќи во предвид дека Google Inc. е присутен на македонска територија преку Google Macedonia, се поставува прашањето дали поединечни индивидуи ќе испратат барања до Google за отстранување на таквите линкови? Иднината тоа ќе го покаже.
Денес пошироко е прифатен митот дека екстровертните личности се повеќе вреднувани на работа, полесно добиваат работа, унапредување и се подобри продавачи, но историски гледано, личностите со поголема интровертност имале поголема доминација.
Правило – ако не постои награда, тогаш не треба да постои ни казна како редовна алатка, освен при потешки прекршувања на работната дисциплина и ред.
Производите се создаваат во фабриката. Брендовите се создаваат во мислите.
Срамот е општа појава карактеристична за секого. Кај некој повеќе, а кај некој помалку, но сите ние имаме срам. Колку знаеме да го контролираме или дали тој не контролира нас е клучното прашање.
Секоја незавршена работа предизвикува опаѓање на нашата енергија, преоптовареност на мислите и апатичност кон останатите животни сфери.
Има голем број работи кои треба да ги имате на ум во овој период за да ја задржите својата фокусираност, но најважно е да разберете дека и овој период е време на исполнување на своите обврски.
Логото, кое е најважната визуелна компонента на брендот, ја формира првата и најдолготрајна врска помеѓу компанијата и клиентот. Оттука, креирањето на логоа во емоционален бренд игра многу значајна улога.
“Како и секогаш у 5 за 12 ми рекоа да го средам документот”, “цела работа ја направив тип топ и едно фала не може да каже!” и она што посебно ми се виде интересно “значи што и да направам, пак сум у грешка” се провлекуваа неколку пати во текот на разговорот.