Сервисни

Со презентација на тема Остварените резултати во заштитата на правата на потрошувачите – кодекси на добра пракса Стопанската комора и Министерството за економија ќе го одбележат Светскиот ден на правата на потрошувачите.
Во Струга денеска ќе се одржи презентација и консултативна работилница за Нацрт ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Mакедонија и Aлбанија за период 2014 - 2020 година.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец. Дневните температури ќе се движат од 12 до 22 степени.
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози.
Податоците говорат дека сегашните емисии на стакленички гасови на глобално ниво се за 14% повисоки од оние што според пресметките би требало да се постигнат во 2020 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,5% на месечно ниво, односно за 2,6% на годишно ниво.
Компании од Бурса, град со огромни економски перформанси, 25 индустриски зони, 4.000 фабрики и 6 милијарди долари извоз од секоја зона, се заинтересирани за соработка со македонски стопанственици.
Саемот за вработување и кариера – Job Fair, кој има за цел да им овозможи на студентите да стапат во директен контакт со работодавците ќе се одржи денеска и утре на Градежниот факултет во Скопје.
Во јапонската Канцеларија за врски во Скопје денеска ќе бидат потпишани грантови за реализација на проекти од четири корисници од Македонија, вредни 245.000 евра, неповратни средства.
Во Скопје и околината слично време со температура до 16 степени.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Годишна даночна пријава и Годишен даночен биланс за персонален данок на доход до Управата за јавни приходи ќе може да се поднесе до понеделник, 17-ти март.
Сите правни лица од Охрид кои имаат намера во иднина да поставуваат урбана опрема пред своите локали и објекти, надоместоците и обврските за закуп и комунална такса ќе ги плаќаат по пониски цени, утврдени со новата Програма за поставување на урбана опрема.
Можностите за инвестирање во Македонија во следните три дена ќе бидат претставени на бизнис форум и пред компании во Милано, Тренто и Асти.
Млеко - преработувачката индустрија бележи позитивни резултати. Државните мерки за поттикнување на сточарството направија да се зголеми бројот на овци и млечни крави, а стабилната откупна политика ја врати довербата помеѓу фармерите и преработувачите.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Од 15.11 2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2014 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јануари 2014 година изнесува 1.321.155 илјади денари, што претставува зголемување од 47,2% во споредба со јануари 2013 година.
Околу 32% од грозјето откупено минатата година е исплатено, а бидејќи последниот законски рок за исплата на родот на лозјата обран лани е крајот на април, во секој момент очекуваме да стартува ударниот шпиц во исплатата на грозјето
"Нема да биде погрешно доколку кажеме дека интернетот претставува основа за креирање на еден економски поредок во светот, кој настана како резултат на примената на компјутерските, телекомуникациските и мултимедијалните технологии"
Руската федерација доделува 60 стипендии за македонски студенти за додипломски, магистерски, специјалистички и докторски студии.
Околу 212 македонски компании од 1 април годинава ќе треба да одлучат на која од досега шесте лиценцирани компании ќе ѝ го доверат снабдувањето со електрична енергија.
Според статистичките податоци, во 2012 година Македонија ја посетиле 351.359 странски туристи, а во 2013 година оваа бројка се зголемила за над 15%. Зголемен е и бројот на ноќевања на странските туристи во земјава.
Денеска во Скопје ќе се одржи италијанско - македонски бизнис форум на кој ќе присуствуваат 30 италијански и 40 македонски компании, од секторите инфраструктура, градежништво и енергетика.