Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози.
Целта на проектот е да се воспостави одржлив систем во дополнителни 7 општини и да се развие свеста кај граѓаните и младите луѓе за рециклирање на отпадот од батерии.
Пензионерите во март годинава ќе добијат покачување на пензиите за 600 денари. Средствата во висина од една милијарда и 800 милиони денари за оваа намена се обезбеди во Буџетот.
Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во декември 2013 година изнесува 2.127.801.000 денари што претставува намалување за 31,1% во споредба со декември 2012 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јули-декември 2013 се издадени 48 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 868.327 денари.
Истурените пунктови низ Македонија за наградната игра Фискална во рака – награди без мака стартуваат од денеска, објави министерството за финансии.
Агенцијата за вработување во Македонска Каменица ги промовираше новите мерки за намалување на невработеноста и за субвенционирање на нови вработувања.
Жителите на Караслари, Велешко, добија нова трафостаница, за чија изградба се потрешени 800.000 денари. Трафостаницата е со напојување од 50 киловат-ампери и е наменета за напојување на пумпите за вода.
Проектот на УСАИД за стратегии за климатски промени кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија во соработка со Центарот за лековити билки и шумски плодови Амброзија од Пехчево, денеска ќе го пуштат во употреба новиот филтер инсталиран во пречистителната станица
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер од јужен правец.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.
Градбата со сувомонтажни системи со гипсени плочи да се регулира со нормативи како дел од подзаконската регулатива за градење, бара Групацијата за сува градба при Стопанската комора на Македонија.
Главен предуслов за поголема трговската размена и економска соработка меѓу Македонија и Албанија е изградбата на патната инфраструктура за што владите на двете држави треба да вложат поголеми напори.
Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска пред отворањето изјави дека советувањето има за цел да се запознаат судиите со статусот и надлежноста на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Темелна реконструкција на Скопската железничка станица ќе започне на крајот на март или почеткот на април оваа година. Во неа ќе се инвестираат 2,6 милиони евра, со што ќе се обноват сите нејзини витални делови.
Фабриката за акумулатори само 5% од своето производство го пласира на домашниот пазар, а останатото 95% производство се извезува во земјите од западна Европа. Во 2014 година, Таб Мак очекува прилив на средства од 25 милиони евра.
Македонија успешно ги претстави своите туристички потенцијали на Саемот за туризам во Брисел, Белгија, кој се одржува од 6-10 Февруари, 2014 година, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Од денеска, па цела недела, времето во Македонија ќе наликува на пролет, со температури до 18 степени.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ја ангажираше International Finance Corporation (ИФЦ- Групација на Светска банка) да постапува како советник за Проектната трансакција.
Македонија ќе користи словенечки искуства за езерскиот, а пред се за спа и велнес турзимот. Оваа одлука е донесена на 10-от состанок на Мешовитиот комитет за соработка меѓу Македонија и Словенија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2013 се издадени 239 одобренија за градење што е за 13,7% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Томе Стојановски, управителот на земјоделската задруга Агро обнова информираше дека во задругата членуваат 11 земјоделци кои се здружени со сопствен земјишен фонд од 42 декари во вредност од 20.000 евра, како и сопствена земјоделска механизација.