Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со повремен дожд. По котлините ќе има слаба магла. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Појава на магла со видливост до 50 има во Крушево и на планинскиот премин Буково.
Соврeмен апарат за бинакуларна конвергентна оптика, денеска и беше предаден во употреба на Општата болница во Охрид, поточно на Одделението за уво, нос и грло од стана на австралиско-македонското лекарско друштво.
Државниот завод за статистика информира дека во ноември 2013 се издадени 182 одобренија за градење, што е за 21,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Акцијата ќе започне на 20 јануари, а ќе трае се до 18 февруари. Таа има за цел да ги информира граѓаните за имотно-правните работи и на тој начин да се олесни постапката за откуп на дворните места.
Џивеи најави дека во следниот период, кинеските бизнисмени ќе дојдат во Македонија за поблиску да се запознаат со условите за инвестирање во сточарството, посебно во делот за одгледување на овци.
Воведување на едношалтерски систем во Агенцијата за електронски комуникации и распределба на приходите на универзалната услуга се новините во новиот Закон за електронски комуникации, кој од 11 јануари е ставен на веб страната на ЕНЕР.
Долж Повардарието и по котлините ќе има појава на магла која во пладневните часови ќе биде послаба. Ќе дува слаб југоисточен ветер.
На патниот правец Кочани - Виница се поставува вертикална сигнализација, додека на патниот правец М. Каменица - Делчево (А3) надоградбата на асфалтната подлога и санација на риголите ќе продолжи и во наредниот период.
Над милион патници минатата година ги користеле услугите на македонските аеродроми што претставува зголемување за 17,4% во споредба со 2012 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,7% на месечно ниво, а пониски за 2,1% на годишно ниво.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 18,2%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 3,2%.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) укажува дека функционирањето на супервизорските колеџи е редовна практика за ефективна банкарска супервизија на меѓународните банкарски групации.
Во првите 10 месеци од 2013 година, според податоците на Државниот завод за статистика, има значително подобрување на состојбата со туризмот во Македонија.
Македонските вина, овошје и зеленчук ќе бидат промовирани на саеми во САД, Кина, Москва, Германија, Литванија, Полска, Швајцарија, Холандија и Словенија.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Појава на магла со видливост од 20 до 100 метри има во Кочани, Штип, Сарамзалино, Велес, Кула, Петровец, Тетово, Гостивар, Стража, Прилеп, Битола, Куманово, Страцин, Охрид и Струга.
Министерството за здравство започна постапка за набавка на нова оперма за јавните здравствени установи. Новата опрема вкучува три апарати за компјутерска томографија, два акцелератори, и по еден ангиограф, мамограф и дигитален рентген апарат.
Светската банка на општина Охрид и одобри кредит од два милиони евра, со период на отплата од 5 години и грејс период од една година.
Што се однесува до следните активности, Каргов најави набавка на радари и камери за снимање на далечина до 10 километри за потребите на граничните линии на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, која треба да се случи до крај на оваа година.
Автомото сојузот на Македонија од денеска ќе започне со проектот SENSOR за безбедносна проценка на автопатските рути во Југоисточна Европа (ЈИЕ) и Македонија.
Во Скопје и околината магливо, со ниска облачност и дневна температура до седум степени.
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.
Управување со отпадот, проблемите кои настануваат, како и многу прашања од комунален карактер беа тема денеска на работната средба меѓу претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, Регионалниот центар за управување со отпад и од локалната самоуправа.