Сервисни

Во 2014 година ќе се отпочнат разговорите за минимална плата, а исплаќањето на К-15 нема да ги оптовари буџетите на приватните компании, истакна денеска првиот синдикалец, Живко Митревски.
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во 2012 година, во рамките на структурните деловни статистики биле анализирани 53.907 деловни субјекти во кои биле вработени 334.042 лица.
Државниот завод за статистика, според своите податоци објави дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 101.1
Во 2013 година донесени се два стратешки закони за консолидација на земјоделското земјиште и за здружување на земјоделците во земјоделски задруги.
Во светиниколското село Ерџелија денеска ќе биде промовирана првата демонстративна фарма за високомлечни овци од расата асаф. Грлата, вкупно 279, се увезени минатата недела од Шпанија.
Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови (локално над 20л/м2). Снег ќе има само на некои повисоки планини.
На 27.12.2013 година во периодот од 07.00 до 19.00 часот, поради загаденоста на воздухот во Скопје има забрана на движење на ТМВ и промена во режимот на движење, односно истите се пренасочуваат по обиколницата.
Народната банка на Република Македонија очекува натамошното економско закрепнување да предизвика постепено јакнење на кредитната активност на банките насочена кон корпоративниот сектор.
Осумнаесет компании денеска добија опрема за собирање и рециклирање на средствата за ладење, преку Канцеларијата за озон, која е во склоп на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Претприемништвото - иднината на студентите, е новиот проект кој го организираат Стопанската комора на Македонија и Студенсткиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје.
Целта за одржувањето на трибината е да се реализира директна средба со земјоделците и бизнис заедницата од овој град на која ќе може да се дискутира за можностите и поволностите кои ги нудат програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот равој.
Џонсон Конролос е првата компанија која денеска од Царинската управа доби одобрение за овластен економски оператор
Повеќе од 760 милиони евра се очекува да биде извозот што до крајот на годинава ќе го реализираат компаниите - инвеститори кои моментно работат во технолошко - индустриските развојни зони (ТИРЗ) Штип, Скопје 1 и Скопје 2.
Во првиот квартал од следната 2014 година, директорот на Дирекцијата на технолошки индустриски развјони зони, Виктор Мизо, очекува конечна одлука за инвестирање во Македонија да донесат 10-тина компании.
Денеска ќе започнат градежните работи за ремонт на железничката делница Ногаевци-Неготино на Коридорот 10, на Железничката станица Градско на пругата Велес-Гевгелија.
Царинската управа денеска ќе додели одобрение за овластен економски оператор, што ќе и овозможи на компанијата сама да го врши царинењето.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, попладне со умерен до засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд.
Појава на магла со видливост од 100 до 150 метри има на патните правци Тетово – Скопје, Тетово – Јажинце и Куманово - Крива Паланка, со видливост до 100 метри на Стража и во Гевгелија, додека со видливост до 50 метри на Буково, Плетвар, Кула и Павлешенци.
Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е првата институција во Македонија која се стекна со CAF стандард и сертификат за ефективен CAF корисник.
Во Секторот рударство во 2013 година отворени се 530 нови работни места и се бележи зголемен раст од речиси 7% во однос на претходната година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 582 984 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува пад од 4,2%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите во преработувачката индустрија ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во ноември 2013 година како непроменета во однос на претходниот месец, а како поповолна во однос на ноември 2012 година
Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер и ќе се намалат условите за создавање на магла по котлините. Дневните температури ќе се движат од пет до 11 степени.
Поради ниските температури можна е појава на голомразица на повисоките планински и осојничави места, како и на некои мостови низ клисурите.