Сервисни

Седумдесет и двајца некогашни работници на велешка Порцеланка ќе бидат обештетени со околу 29 милиони денари. Средствата ги обезбеди Владата, а обештетувањето ќе оди преку Агенцијата за вработување.
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со повремен дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од еден до седум степени.
Појава на магла има на планинските премини Страцин, Плетвар и во Крушево со видливост од 50 до 100 метри. АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.
Во Скопје денес беше формиран Форумот на синдикати на железничките работници од Југоисточна Европа, во кој членуваат синдикалците од Македонија, Романија, Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Од денес до недела во Маврово ќе се одржи работилница за енергетска ефикасност и промени на енергетскиот пазар, наменета за претставници на медиумите.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) објави дека се воведува методологијата за утврдување на потенцијалната побарувачка за благајнички записи.
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во некои котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.
На делницата Нов Дојран - Стар Дојран поради сообраќајна незгода и превртено тешко товарно возило, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Патничките возила се пренасочуваат по алтернативен пат.
Преносната мрежа на електроенергетскиот систем на АД МЕПСО ќе се реконструира и модернизира со помош на заем од Европската банка за обнова и развој од 25 милиони евра.
Во рамки на посетата на унгарскиот премиер во Македонија, Стопанската комора во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, ќе организира бизнис форум во Скопје.
На настанот сите инволвирани страни, локалната самоуправа, владините институции, граѓанските организации и медиумите, ќе можат да ги споделат своите размислувања за ова истражување, како и заклучоците и препораките од квалитативната анализа за антикорупциските мерки во локалната самоуправа.
Вкупната должина на далекуводот се предвидува да биде 151 км, од кои на македонската страна 95 км и на албанската страна 56 км. Вкупната инвестиција се проценува дека изнесува 68,1 милиони евра и тоа 43,5 милиони за македонската страна и 24,6 за албанската страна.
Утрото во Македонија ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на отежнатите услови, како и да се одржува поголемо растојание помеѓу возилата. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 106,9.
Вториот ден од големиот дизајнерски и информатички настан DIGIT го одбележа големиот интерес на студентите за предавањата и креативните работилници од областа на дизајнот.
Можностите за подобрување на правната рамка и нејзината практична имплементација во сферата на обновливите извори на енергија се тема на првата средба на Форумот на чинители и засегнати страни.
Со цел привлекување на директни странски инвестиции во Република Македонија, владината делегација денес продолжува со бизнис-форум за трговија и инвестиции во Брисел.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, особено во источните делови.
Од 03:45 часот укината е забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража. Од 05:25 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар, информираат од ЈП Македонија пат.
Во рамки на проектот на УСАИД Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување, во Центарот за вработување на Град Скопје денес повторно е отворен Работниот клуб.
На денешниот собир на Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија (НСММ) беше одлучено утре во седум часот членовите на НСММ при МЖ Транспорт а.д. Скопје да стапат во штрајк.
Во општина Кисела Вода денес беа доделени нови 40 решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Македонска владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денес ќе престојува во Лион.