Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со цел проширување на својата мрежа на поставени банкомати и обезбедување на што поголема достапност на услугите отвори нов банкомат со нова локација, лоциран кај Млечен ресторан во Скопје на ул. Анкарска бр. 31 – наспроти кафе бар ЛИ.
Изминатата година имало незначително помал број деловни субјекти во споредба со 2016 година, објави Државниот завод за статистика.
Од ДЗС посочуваат дека наведените просечни цени на 1 м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.
Агентите на средбите ќе одговараат на специфични прашања коишто се однесуваат на општи информации (рокови, начини за пријавување и плаќање даноци и др.), на информации за отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник, консултации за издадени даночни документи, за утврдување на даноци, а ќе даваат и информации за постапки за наплата на долгови, како и одговори на правни прашања.
Вредноста на увезената стока, во периодот јануари- декември 2016 година, изнесува 380.426.363 илјади денари што е за 6,4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Викендов ќе започне летното сметање на времето. На 25-ти март во два часот по полноќ стрелките ќе се поместат за еден час нанапред и времето во два часот ќе се смета како три часот.
Вкупните депозити на домаќинствата забележаа нагорна месечна и годишна промена од 1,2% и 6,4%, соодветно.
Во рамките на овој проект за зазеленување на општина Илинден се опфатени 26 локации на површина од 80.000 метри квадратни.
Од откупениот тутун, од типот Јака се откупени 2.447.601 килограми, со просечна откупна цена од 212,93 денари за килограм, а од типот Прилеп се откупени 21.111.455 килограми со просечна откупна цена од 218,14 денари за килограм.
Според податоците во јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а за 3,4% на годишно ниво.
Се известуваат јавните установи за деца - детските градинки и сите самохрани родители кои ги исполнуваат законските услови за остварување на правото на партиципација да поднесат барање со потребната докуменетација, наведена во Правилникот, до јавната установа за деца во која детето престојува, односно е згрижено, за остварување на правото на партиципација.
Соработката меѓу двете институции ќе се остварува преку изготвување на научни проекти, заеднички средби и организирање на заеднички предавања, тркалезни маси и форуми за научната и стручна јавност, но и за засегнатите страни и за пошироката јавност со вклучување и на невладините организации и медиумите,
Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2016/2017 година изнесува 72. 482, што претставува намалување за 6,6% во однос на претходната учебна година.
Собраните средства од самите пријави ќе се искористат за набавка на аудио опрема за Дневниот центар за лица со Даунов Синдром.
Следната сесија на Клубот на истражувачи ќе се одржи во јуни годинава.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година, активното население во Република Македонија брои 954.212 лица, од кои вработени се 740.648, а 213.564 лица се невработени.
Во рамките одбележување на светската Ротаракт недела, младите ротаракторци од Ротаракт Широк Сокак донираа 200 парчиња различен вид на постелнина вредна 1.300 евра на Клиничката Болница во Битола.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2018 година изнесува 66,9% од нормалното искористување.
Во делот аутпут, во февруари 2018 година, во споредба со февруари 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 94.5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 105.1.
Оваа година трката ќе почне од Фонтана Лотос во Скопје, пред Градски парк и ќе се трча по булевар Илинден за прв пат правејќи ја оваа трка улична.
Охридска банка Сосиете Женерал ги известува своите корисници дека поради планирани системски интервенции денес банкоматот во Св. Николе, на ул. Моша Пијаде бр. 48, во интервал помеѓу 8.00 часот и 16.00 часот, ќе биде недостапен во времетраење од 30 минути.
Од НБРМ информираат дека ќе бидат презентирани два труда, Фактори кои влијаат врз продуктивноста на фирмите по промена на сопственоста: резултати од квази-експериментално истражување на автор Филип Јолевски и Анализа на структурните карактеристики на македонската економија: оцена на детерминантите на продуктивноста преку користење на податоци на ниво на фирми чиј автор е автор Билјана Јовановиќ.
Овој настан се очекува да премине во традиција и секоја година на истата локација да бидат садени нови дрвца, во таканаречениот парк на планетата Земја, а во истиот се вклучуваат и волонтерите на Црвениот крст кои се дел од светската еколошка акција шеста година по ред.
Наследникот на Богов ќе биде петтиот по ред гувернер на Народната банка на Република Македонија. Од 1992 година оваа функција ја извршуваа Борко Станоевски, Љубе Трпески, Петар Гошев и актуелниот Димитар Богов











