Кратењето на работни места ќе биде спроведено глобално, до март 2015 година, а заштедите од ваквиот потег треба да се почувствуваат во финансиската 2015/16 година.
Пред две години, Google ја купи Motorola Mobility за 12,5 милијарди долари, а сега му ја продаде на Lenovo за 2,91 милијарда долари.
Оваа услуга ќе можат да ја користат гостите кои имаат iPhone 4S (или понов модел) или Андроид со верзија 4.3.
На сајтот gettyimages.com веќе е достапна колекција на Samsung која претставува избор на премиум содржини на најдобри фотографи на Getty Images кои користеле Samsung Smart фотоапарат NX.
Гигантот Google го купи британскиот стартап DeepMind, кој се занимава со истражување и развој во областа на вештачката интелигенција. Цената на оваа трансакција не е објавена, но според медиумите, изнесува околу 500 милиони долари.
Facebook се рашири како заразна болест, но полека стануваме имуни на неговата привлечност и платформата на големо ќе биде напуштена до 2017, велат научници од Принстон универзитетот, пренесува Гардијан.
Во моментов се тестира прототипот кој може да го изврши мерењето за една секунда, а се истражува и објективот на леќата кој би служел како систем за предупредување.
Вестите од медиумите Facebook ќе ги комбинира со статусите на корисниците на својата социјална мрежа.
Новите модели на BlackBerry “претежно” ќе имаат физичка тастатура, а не екран на допир. Ова го изјави новиот директор на компанијата, Џон Чен, во интервју за Блумберг.
Германскиот произведувач на автомобили Audi, на CES саемот во Лас Вегас го претстави сопствениот 10,2 инчен таблет Audi Smart Display специјално наменет за користење во автомобили, со Tegra 4 процесор на Nvidia, а работи на посебно прилагоден Андроид ОС.
Samsung ќе го лансира новиот Galaxy S5 до крајот на април, изјави извршниот потпретседател Ли Јанг Хи во интервју за Блумберг.
Со цена од 99 долари, овој уред е најевтин, висококвалитетен паметен телефон што се продава во САД без договор.
Цената на овој 110 инчен телевизор е неверојатни 152.000 долари.
Многу од ова што ќе го видите во видеото и не е толку далеку од моментот кога ќе стане реалност.
Google го купи Boston Dynamics, инженерска компанија која дизајнира роботи за Пентагон. Оваа компанија создава машини кои одат со чувство за балансирање и трча побрзо од најбрзиот човек во светот.
Велосипедот има филтер за прочистување на воздухот кај рачките. Кога возачот ги врти педалите, филтрите ги прифаќаат правот и загадениот воздух, го прочистуваат и го испуштаат чистиот воздух.
Со редизајнот, популарните постови на корисникот ќе бидат поистакнати.
Viber лансираше нова верзија на својата апликација, а паралелно со тоа, глобално ја пушти во употреба услугата Viber Out. Овој сервис ќе им овозможи на корисниците да воспоставуваат повици кон мобилни и фиксни телефонски броеви низ целиот свет, со ниски трошоци.
Продажбата на таблети оваа година е во полн замав, но трендот може да не се задржи во наредните години поради промени во потрошувачките параметри, тврдат од International Data Corporation (IDC).
Во Русија почна продажбата на YotaPhone, паметен телефон со двоен екран, зад кој стои руската компанија Yota Device.
Приватната американска компанија SpaceX на Илон Маск за прв пат успешно лансира комерцијален сателит.
Хрватската компанија M SAN Група го претстави денес својот паметен телефон под брендот Vivax Point, кој во првите две недели откако е пуштен во продажба е продаден во над 4.000 примероци.
Корпорацијата Амазон ќе испроба испорака на нарачки до своите клиенти со беспилотни летала, најави извршниот директор на компанијата Џеф Безос за BBC.
Компанијата HTC недоамна најави нов златен HTC One смартфон кој ќе биде наменет за европскиот пазар, со што ќе стане конкуренција на златните верзии на iPhone 5 од Apple и на Galaxy S4 од Samsung.











