Како регионален директор, Коланџели ќе биде одговорен за операциите на ЕБОР во Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, а седиштето ќе биде во Белград.
Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот бруто домашен производ (БДП) за периодот 2021 ‒ 2023 година упатува на мала нагорна ревизија на очекувањата за просечната стапка на инфлација, додека во однос на очекуваниот раст на БДП покажува надолна ревизија на очекувањата.
Меѓусебната соработка ќе вклучува и развој на слободно претприемништво и поттикнување на конкуренција во ИКТ секторот, координирање на истражувања, развој на техничко - технолошките достигнувања како и организирање на стручно оспособување, преквалификација и доквалификација на стручни кадри.
Во вакви случаи не може да се примат законските одредби, потрошувачите не добиваат фискална сметка, немаат можност да го вратат производот или средствата кои ги дале да им бидат вратени.
Претходно, таа ги повика компаниите да воведат четиридневна работна недела за време на пандемијата.
Ангеловска-Бежоска посочи дека нашата централна банка во својот домен на работењето има интерес за воспоставување потесна билатерална соработка со Народната банка на Словачка, продолжувајќи ја иницијативата на нејзиниот гувернер, Петер Кажимир.
Со одлуката се опфатени и хигиенски производи, семенски материјал и средства што се користат во земјоделието.
Средствата се од европски фонд наменет за периодот 2021-2027 година и се однесуваат на мали и средни компании.
Најширокиот референтен индекс на Wall Street, S&P 500 се зголеми за 0,8%, достигнувајќи нова дневна рекордна вредност од 4.010,46 поени.
Се наведува дека шеиците го искористиле коронавирусот за нов инвестициски бран во Хрватска.
Џил Бајден била позната по тоа што сакала да ужива и да се шегува.
Пред 25 години, односно во 1995 година, уделот на американската валута во вкупните светски резерви изнесува 58%. Сепак, според податоците на ММФ, доларот и понатаму има најголемо учество во девизните резерви на централните банки во целиот свет.
Претседателот на Тиквешки семејни винарии вели и дека веќе има интерес и од домашните туристички агенции, па одделни тур-оператори во своите понуди го вклучиле и винскиот туризам, нудат вински тури.
Законот најмногу би им користел на руските технолошки гигант Yandex и Mail.ru.
Компанијата наведува дека универзитетската диплома не е услов за вработување, иако Теsla има добра соработка со бројни универзитети, но дека луѓето можат да доаѓаат “директно од средно училиште“.
На лондонскиот пазар, цената на барел порасна за 1,02 долари на 63,76 долари. На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по 1,23 долари повисока цена, односно по 60,39 долари.
Компанијата се надева дека и другите компании за рударење на биткоин ќе ги следат нејзините стапки за да покажат поширока свесност за климата.
Инвестицијата е многу поголема од претходно најавуваните што се движеа меѓу 25 и 28 милијарди долари.
Со заклучок по оваа точка Владата го задолжи СЦ Борис Трајковски да ги отстапи своите простории на Министерството за здравство за спроведување на масовната вакцинација согласно Национален план за вакцинација против КОВИД-19 во Северна Македонија.
Во периодот од 1.04.2021 до 31.05.2021 година НЛБ Банка започнува промотивна кампања за кредитите за физички лица.
Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, во интервју за Bloomberg го коментираше воведувањето дигитална валута, која би можела да биде објавена до “средината на оваа деценија“, доколку проектот добие зелено светло во текот на ова лето.
При изборот, важно е името да биде лесно, едноставно, оригинално и да може да се запамети.
Електричниот хечбек на германскиот гигант сега пристигна и во Македонија и е изложен во продажниот салон на Volkswagen во Скопје.
Microsoft со Пентагон би требало да потпише и договор за услуги во “облак“ вредни 10 милијарди долари, но таа работа е спорна поради тужба на Amazon.