Може ли да се измери продуктивноста?

97

Дали ви се случило на крајот на работниот ден да си го поставите прашањето колку бевте продуктивни, колку од работите успеавте да ги завршите, колку од задачите ги затворивте и имате шанса да почнете сè одново? Иако е тешко, сепак не е невозможно да се измери продуктивноста и продуктивното работење.

Одвојте ги продуктивните од непродуктивните активности

Во текот на работниот ден извршувате најразлични задачи и активности. Дел од нив се продуктивни, а дел се споредни и не се директно поврзани со она што го работите во моментот. Добро е да се знае дека и непродуктивните активности му даваат смисла на она што го работите, но ако сакате да измерите колку сте биле добри во работата, тогаш треба јасно да ги разграничите, за да знаете кои работи ви одземаат повеќе време во текот на денот.

Мерете го времето што го трошите на продуктивни активности

Пуштете штоперка што ќе го мери времето што го поминувате додека извршувате одредена задача. Запрете го времето секогаш кога ќе работите некоја споредна активност, пиете кафе, разгледувате што има на социјалните мрежи… Така ќе добиете појасна слика за тоа како го трошите времето и колку сте продуктивни.

Мерете ги резултатите

Резултатот како крајна последица од активностите што ги спроведувате, мора да е мерлив и да го споредите со некоја начелна димензија. Тоа значи да утврдите дали сте продуктивни, дали залудно го трошите времето на некои активности и што треба да направите за да се доближите со реперот.

Фото: Freepik