Зголемен бројот на туристи во февруари

22

Фото: Pixabay

Бројот на туристи во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, е зголемен за 6%, а бројот наноќевањата е зголемен за 2,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во февруари 2019 година изнесува 43.666, а бројот на ноќевањата изнесува 91.731.

Бројот на домашните туристи во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, е зголемен за 12,8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 2,3%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, е зголемен за 8,4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 1%.

Во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,4%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7%, а кај странските има намалување за 0,4%.

Во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 1,1%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,2%, а кај странските има намалување за 5%.