Зголемен прометот во трговијата на мало во септември

18

Прометот во трговијата на мало, во септември во однос на истиот период лани, забележува зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13,3%, а реално за 13,8%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 17,6%, а реално за 17,6%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 15,6%, а реално за 15,5%).