Извозот зголемен за 39, а увозот за 38,7% од јануари до јуни годинава

48

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 3.408.966.000 евра и бележи пораст од 39,1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.641.495.000 евра, што е за 38,7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 1.232.529.000 евра.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 73,4%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари – јуни 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Фото: Pixabay