Анализи

Според неофицијални информации, само во последната година 100.000 Британци ги затвориле своите сметки во една од петте најголеми банки во Велика Британија.
Растот на кинескиот БДП во третото тромесечје го забави најнискиот раст на кинеската економија од почетокот на светската криза. Овој податок значи дека по долги седум квартали постојано намалување на БДП, Кина и светот конечно може да здивнат.
Манса Муса Првиот е најбогатиот човек во историјата, според новите листи коишто се направени за најбогат човек на сите времиња. Муса Првиот е убедливо на прво место во конкуренција на 25 имиња, а истражувачите за да успеат во тие математики морале да ја пресметаат и инфлацијата.
Во европскиот буџет за периодот од 2014 до 2020 година, за Хрватска се предвидени 13,7 милијарди евра. За да ги искористи овие средства, Хрватска во тој период од европските фондови би можела да повлече уште еден национален годишен буџет.
Бројот на сиромашни жители на Романија само од почетокот на светската економска криза нарасна за 10%, од 36% минатата година на 46% во последниот квартал на 2012.
Бројот на паметните телефони во светот ја помина долго очекуваната бројка од една милијарда продадени телефони ширум светот во третиот квартал на 2012. Продадените паметни телефони на компаниите производители на истите им донеле вкупно 400 милијарди долари.
Оценувајќи ја кризата како „ноќна мора“, Сорос говорејќи на конференцијата на Националното здружение за бизнис економија во Њујорк, рече дека творците на еврото биле свесни за неговите недостатоци кога го основале.
Канада е земја со најолем процент на високообразовани лица, 51%. Веднаш зад неа е Израел со 40%.
Европската Унија оваа година нема да и исплати на Чешка 500 милиони евра како помош за сообраќајот и заштита на животната средина. Меѓу најголемите проблеми се наведени лошата контрола, корупцијата и проблемите со европските фондови.
Продажбата на нови автомобили во Европската унија опаѓа веќе 12 месеци по ред. Изминатиот месец произведувачите на автомобили во ЕУ запишале 1,1 милиони нови регистрации, додека од почетокот на годината се продадени 9,4 милиони нови автомобили.
Финансискиот крах во 2008 го осетија сите земји во светот, но постојат и држави кои успеаја да профитираат од кризата.
Прометот е поттикнат од купувањето на различни видови на производи, што за американските аналитичари укажува на прилично добар раст на американската економија во третото тромесечје од годинава.
Просечната бруто заработувачка на жените во Црна Гора на крајот на септември минатата година била 659 евра, што е за 100 евра помалку во однос на платите на мажите, покажуваат податоците на Монстат. Воедно жените заработиле под просекот во Црна Гора, кој изнесува 712 евра.
На врвот на најбогати Германци за 2012 е семејството кое сопственик на ланецот супермаркети Aldi. Меѓу нив се издвојуваат Карл Албрехт (92) со 17,2 милијарди евра, како и неговите роднини Бертхолд (58) и Teo (62) кои имаат 16 милјарди евра.
Падот на прометот е причината поради која трговците прибегнуваат кон разни трикови за да привлечат купувачи. Најчестите веќе испробани методи е нудењето на облека и обувки по намалени цени за “дури” 70%, не наведувајќи ја основата за намалување.
Според пишувањата на хрватскиот бизнис портал Бизнис, Босна и Херцеговина е најголемиот извозник на млеко и млечни производи во Македонија, со 6,65 милиони евра во 2011 и 1,56 милиони евра во првиот квартал во 2012 година.
Дури 57% од младите размислуваат да ја напуштат Хрватска и да заминат во земјите од Европската унија поради студирање или вработување, покажа истражувањето на глобалната компанија Visa.
Шведската кралска академија на науки денес во 13 часот ќе објави кој е добитник на овогодишната Нобелова награда за економија. За оваа престижна награда, оваа година во трка се универзитетски професори – Стивен Рос, Роберт Шилер, Ентони Аткинсон и Енгус Дитон.
Словенија ќе ја затвори амбасадата во Хелсинки откако минатиот месец ги затвори своите дипломатски претставништва во Лисабон и Стокхолм. Затворен е и конзулатот во Дизелдорф. До крајот на годината ќе ја затвори и амбасадата во Даблин, а на удар е и конзулатот во Њујорк.
Светските телекомуникациски оператори би можеле да изгубат околу 23 милијарди долари до крајот на 2012 година, а причината се СМС пораките.
Сметката за спас на презадолжените земји на евро-зоната: Грција, Шпанија, Португалија, Италија и Ирска стаса, но таа се уште не е потполно затворена.
Побарувачката за нафта драстично ќе се намали со што Организацијата на земји – извознички на нафта (OPEc) ќе биде под притисок да го намали производството на нафта за неверојатни 31 милион барели нафта дневно, многу помалку од моменталното производство.
Куповната моќ во Италија падна на најниско ниво од 2000 година.
Рецесијата во еврозоната ќе се зголеми во наредната година, додека бруто-домашниот производ БДП ќе се намали за 0,4%, наместо претходно предвидените 0,3%, според извештајот на Меѓународниот монетарен фонд ММФ, кој ги намали претходните прогнози за оваа и следната година.