Федерацијата за работодавци во Украина соопшти дека руската царина ги вклучила во список на ризични сите извозници од Украина, што практично значи дека на неодредено време го блокира увозот на украинска стока.
Според регистрираниот економски раст од 0.5% во вториот квартал, Франција излезе од благата рецесија.
Најголемиот германски снабдувач со енергија E.ON соопшти дека големиот пад на профитот се должи на намалената потрошувачка на енергија во Европа, поради финансската криза.
Швајцарската компанија Nestle соопшти дека во првата половина на 2013 остварила органски раст од 4,1%, што според аналитичарите е под очекувањата.
Сајпрус Ервејз најголемата авио компанија од Кипар, е пред банкрот и итно и се потребни околу 17 милиони евра за да може да продолжи да функционира, се вели во британскиот весник Сандеј Тајмс.
Ватиканската банка ја лансираше интернет страницата www.ior.va, во обид да го поправи својот имиџ по низата скандали и бројни критики на сметка на недостаток на транспарентност
Социјалистичкиот сенатор и поранешниот француски министер за одбрана Ален Ришар е именуван за претставник на министерот за надворешни работи Лорен Фабиус за поттикнување на економската размена меѓу Франција и земјите од Балканот.
Руската комисија за заштита на потрошувачите забрани увоз на кондиторски производи од украинската компанија Roshen, поради сомневање во квалитетот и безбедноста на производите од четири фабрики на компанијата.
Турскиот авио-оператор ТАВ соопшти дека се квалификувани да конкурираат за правото да оперираат и да го реконструираат Ла Гвардија аеродромот во Њујорк, како дел од конзорциум.
Унгарската влада размислува од идната година да воведе данок на луксузна стока од 30% до 35%, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Засега авиопревозникот ќе се фокусира на летови меѓу Москва и Будимпешта, за што веќе има дозвола од руските власти, а првиот лет е планиран за 23 септември.
Авторката на класиците “Гордост и предрасуди“, “Разум и чувства“ и “Ема“, на фунтата ќе го замени научникот Чарлс Дарвин од 2016 година.
Карстен Шлотер, извршниот директор на телеком компанијата Swisscom, е пронајден мртов во неговиот дом во регионот на Фрајбург, соопшти полицијата. Властите претпоставуваат дека станува збор за самоубиство.
Модните дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана на три дена ги затворија своите девет продавници во Милано, мартини барот и златниот ресторан во знак на протест поради критиките на градските власти дека избегнувале плаќање на данок.
Форд, која неодамна ја затвори фабриката во Саутемптон стара 40 години, ќе ја затвори и фабриката во Дагенхам на 26 јули и ќе го префрли производството во Кочаели во Турција.
Украина и Русија се договорија заеднички да започнат производство на Antonov An-124 карго авион, најголемиот сериски произведен карго авион во светот кој може да носи до 150 тони товар.
Одлуката за повлекување од Словенија датира уште од минатата година, а во Унгарија постои постојан политички притисок на банкарскиот сектор, што е главна причина за повлекување од таа земја.
Германскиот канцелар Ангела Меркел ја предупреди Словенија дека мора да си го среди банкарскиот систем од кој потекнуваат економските проблеми на земјата.
Чешкиот произведувач на безалкохолни пијалоци Кофола е заинтересиран за купување на Раденска, најголемиот словенечки производител на минерална вода, со што сака да направи продор на балканскиот пазар.
ЕУ ги претресе канцелариите на германски Deutsche Telekom, француски Orange и шпанска Telefonica поради сомневање дека ја злоупотребиле доминантната позиција на интернет пазарот.
Според податоците, најголем пад на цените на недвижностите во првите три месеца на годишни ниво е забележан во Шпанија, 5,1%, Кипар 4,8% и Унгарија 3,3%, а најголем скок на цените имало во Естонија 7,7%, Литванија 7,2% и Луксембург 4,3%.
Владата во наредните денови ќе одреди кои технички мерки се потребни за да се забрза исплатата на приватните фирми кои и пружале услуги на владата.
Од 1 јануари годинава, според регулативата на ЕУ, произведувачите на автомобили мораат да го користат средството за ладење R1234if кое предизвикува помало загадување, но компанијата DaimlerChrysler и понатаму се држи до старото средство R134a.
Во првата половина од годинава BMW продале 954.521 возила, што е за 6% повеќе во однос на истиот период минатата година.