Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни оваа година се пониски за 0,2% на месечно и 0,7% на годишно ниво.
Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во мај 2014 година изнесува 760.096.000 денари што претставува намалување за 17,7% во споредба со мај 2013 година.
Претставници од Министерството за финансии и Народна банка на РМ од 14 јули ќе имаат средби со инвеститори во неколку европски градови по повод потенцијално издавање на еврообврзница.
Компанијата Виталиа која долги години се грижи за здравјето на македонските граѓани, отсега со своите производи го освојува и далечниот бразилски пазар.
Граѓаните ќе добијат можност од дома преку интернет да порачаат имотен лист, кој веднаш во електронска форма или по пошта ќе им биде доставен на нивна адреса.
Бизнис конфедерација на Македонија денеска организира семинар за промоција на Прирачникот за општествена одговорност.
Вкупно 66 компании ќе можат да ги користат првите 15,5 милиони евра од четвртата кредитна линија на Европската инвестициона банка (ЕИБ).
Во тек е оглас на кој се бараат инвеститори за 10 градежни парцели на кои ќе можат да се градат индустриски објекти и стоваришта.
Интернатот Гоце Делчев од село Љубанци доби нова, модерно опремена просторија, како резултат на донаторската акција што ја спроведе компанијата за изработка на мебел, ОТО Мебел Маркет.
Економската активност за првото тримесечје оствари солидна стапка на раст од 3,9%, нешто посилен во однос на очекувањата.
Целта на состанокот е запознавање со активностите во однос на изградбата на пречистителни станици за отпадни води во Радовиш, Струмица, Кичево, Охрид/Струга и канализациски мрежи во Куманово и Берово.
Во време кога многу фирми се жалат на пад на продажбата, особено во секторот на недвижнини, клиентите и во услови на криза го препознаваат квалитетот и стабилноста на својата инвестиција, велат од Ројал Васе.
Туристи од земјите на Бенелукс и во следните три години ќе бидат гости на Охридско - струшката ривиера, благодарение на продолжувањето на договорот на холандскиот тур - оператор Корендон.
Во текот на мај оваа година се издадени 194 одобренија за градење, што во споредба со истиот месец лани, е намалување од 7,2%.
До крајот на октомври ќе заврши поставувањето на новата опрема за отпрашување, а потоа следува поврзување со веќе постоечката.
Мерката за еднократен отпис на долговите што ги имаат најранливите категории на граѓани ќе заврши на почетокот на октомври.
Пулсоскиметри, аспиратори и перфусори се ставени во функција на Одделението за интензивна нега на Клиниката за детски болести.
Донацијата се состои од комплет електронски плочки кои содржат модерен микроконтролер и широка палета на периферни интерфејси за поврзување со други вгнездени системи или дигитални уреди.
Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) денеска во Велес ќе одржи заедничка средба на фокус групите за овошје и зеленчук.
Саем за работа, чиј домаќин е министерот за странски инвестиции, Џери Наумоф, се организира денеска во Скопје.
Вип ги информира сите свои припејд и постпејд корисници дека поради несаканата ситуација од вчерашниот ден, ќе им овозможи еден ден бесплатно користење на услугите од Вип.
Обезбедување поголема здравствена заштита на бремената жена, мајката родилка и нејзиното дете, ќе овозможи поголема вклученост на жената на пазарот на труд.
Во својот асортиман Јоми фуд има седум видови на слатко и тоа од вишна, малина, зелена смоква, јагода, портокал, дива капина и аронија, а слатката се произведуваат по традиционална рецептура без користење на додатоци.
Отворениот ден е во рамки на проектот Зголемување на енергетската ефикасност и употребата на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион.










