Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека рокот за поднесување барања за субвенции што требаше да заврши на 30-ти овој месец, се пролонгира до 31 октомври.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, бележи пораст од 3,9%.
Македонската железница по цели 35 години ќе добие четири нови патнички гарнитури со дизел погон и две нови гарнитури со електричен погон.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, изнесува 102.2.
Според оценката на агроекспертите од битолскиот дел на Пелагонија високите дневни температури го намалија квалитетот на земјоделските култури од годинешната реколта чија берба е во полн ек.
До крајот на годинава Агенцијата за катастар на недвижности ќе воспостави современа гравиметриска мрежа на територијата на целата држава.
За две до три недели свечено ќе биде отворен Музејот на автобуси, кој што неодамна го најави директорот на ЈСП Мишо Николов.
Во организација на Царинската управа на Република Македонија и АМЕРИТ, СИЗ Македонија сообраќај, денес во Скопје ќе се одржи работилница на тема Поедноставени царински постапки, е-царина и ТИР-ЕПД.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе се обрати на церемонијата организирана од Министерството за економија по повод 28-ми август Ден на рударите.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар
Десет произведувачи на сушени производи, кои во изминатите четири месеци следеа обука во специјализирана работилница за сушење овошје, зеленчук и билки, денес во средното училиште Марија Кири-Склодовска, добија сертификати за успешната обука.
Претставници на индиската компанија Сахара груп утре доаѓаат повторно во Македонија за да започнат со реорганизација на агрокомбинатот Џумајлија.
Според пишувањето на српските медиуми, владата само најавувала реципрочни мерки, но експертите напоменуваат дека е задоцнето со реакција и штетата е веќе направена.
Кај деловните субјекти од преработувачката индустрија минатиот месец забележана е понеповолна економската состојба во однос на јуни годинава, како и во однос на јули минатата година.
Министерството за внатрешни работи ќе вработи на неопределено време девет лица со завршено високо образование од областа на информатичките технологии и две лица со завршено средно училиште од областа на електротехниката, информатиката, електрониката или телекомуникациите.
Во Трговскиот центар Скопје Сити Мол денес започнува хуманитарна акција под наслов Празна Продавница - Полно Срце. Покрај Сити Мол организатор на настанот е и Црвениот крст.
Дебарската подружница на ЈП Македонски шуми веќе извезува огревно дрво во Албанија, а во тек се и преговори за извоз и во Грција.
Поради високите температури и потребата од вода за земјоделските површини, како и по барање на земјоделците од регионот, сезоната за наводнување која требаше да трае до 15 септември ќе биде продолжена.
На површина од 208 хектари, денес ќе биде отворена технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Штип.
Бизнисмени од Турција се заинтересирани за откуп на кочански ориз, сметајќи дека сортите се квалитетни и дека одговараат на барањата на турскиот пазар.
Директорот на АД за стопанисување и изградба со станбен и деловен простор Цветко Грозданов, изјави дека акционерското друштво за стопанисување и изградба на станбен и деловен простор во државна стопственост, продава поевтини станови во споредба со приватните фирми затоа што настапува со најниска маржа,
Стопанска банка АД - Скопје продолжува да расте и да остварува позитивни резултати во 2013 година благодарение на соработката и довербата од своите клиенти правни и физички лица.
Јавното претпријатие за околу 70.000 евра спроведе набавка на патна опрема и за телекомуникациски услуги, додека Агенцијата за патишта постави мониторинг систем преку кој во живо се следи наплатата на патната такса.
Рокот за осмиот јавен повик за користење средства од ИПАРД Програмата што требаше да заврши денеска е пролонгиран до 30 септември.










