Вкупната инвестиција во 30-те мали хидроцентрали од кои 16 веќе работат, а 14 треба да бидат пуштени во употреба до крајот на годинава, изнесува четириесет милиони евра.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2013 година забележан е пораст на индексот на трошоците на живот од 0,3%, во споредба со претходниот месец.
Општина Штип започна со подготвките за годинашното издание на манифестацијата Пастрмалијада 2013.
Почеста комуникација меѓу бизнис-заедниците и поедноставување на царинските постапки во делот на фито-санитарната политика, ќе бидат главните заложби на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и босанскиот министер за надворешна трговија и економски односи Мирко Шаровиќ, со цел да се зајакне економската соработка помеѓу двете земји.
До 15 септември, секој нов сопственик на Форд Фиеста ќе патува во Келн, каде директно во фабриката на Форд ќе присуствува на процесот на создавање на неговиот автомобил.
Литар Кристал наместо 78 денари, сега ќе чини 68, откако цената на зејтинот поевтини за 13% како резултат на падот на маслата за јадење на светските берзи.
Македонија денес ја укинува спорната одредба за ограничување на увозот на пченица, а според српските власти најважно е што проблемот е решен по институционален пат, со помош на ЦЕФТА.
Бројката на регистрирани Фејсбук профили на македонски граѓани изнесува 963.000, а само во последната година таа е зголемена за 90.000, покажуваат податоците на Интернет Ворлдстат.
Бројот на работници во индустријата во јули е зголемен за 0,7% во споредба со истиот период минатата година, објави денес Државниот завод за статистика.
Почнувајќи од денеска, НБРМ во рамки на монетарната статистика ќе започне со редовно објавување на податоците за останатите финансиски институции (осигурителните друштва, пензиските и инвестициските фондови, друштвата за управување со пензиските фондови и друштвата за управување со инвестициските фондови).
Јавниот долг заклучно со 31 јули годинава бележи намалување и според објавените податоци на Министерството за финансии изнесува 33,6% БДП.
Одлуката за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица и брашно од македонска страна, беше топло поздравена од српската Влада.
Приближно два милиона килограми десертно и четири милиони килограми винско грозје засега се извезени преку царинската испостава во Кавадарци, соопшти претседателот на регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија Љупчо Аризанов.
Компанијата Албафоне го пролонгира стартот со работа до завршување на почнатите интерконекциски преговори.
Проектот Форум со работодавачите започна со реализација во општина Илинден, која е воедно и прва општина во државава каде се реализаира овој проект.
По тригодишна процедура на анализи и проценки, Алкалоид доби одобрување за пласман на два свои лека на пазарите на земјите членки на Европската Унија.
ЕВН Македонија откри уште 10 нови случаи на неовластено користење електрична енергија. Новооткриените корисници добија пресметки и кривични пријави за неовластено користење на струја откако беа комплетирани нивните досиеја.
Златен даб е првото македонско пиво што ќе учествува на Карловачките денови на пиво.
Заедничките проекти на Министерството за информатичко општество и администрација и на Македонската академска мрежа МАРнет планирано е да овозможат демонополизација на македонскиот пазар на домени, нивно побрзо издавање со одвивање на сите процедури по електронски пат, како и пад на цените на интернетот.
Тема на работилницата што денес ќе се одржи во Скопје, во организација на Аналитика и АКСЕР ќе биде Миграции и дознаки од странство во Западен Балкан.
Премиерот Никола Груевски при посетата на Прилеп изјави дека Владата бара стратешки партнер за решавање на проблемот и со Еурокомпозит.
Oд 2 септември, привремената мерка за условен увоз на пченица од странство ќе биде укината.
Според најновите податоци на Народната Банка на Република Македонија, во јули годинава преку платежните картички бил направен обрт од 188 милиони евра
Оние граѓаните кои имаат нелегализирано земјиште под нивните легализирани куќи да можат да го откупат по едно евро за метар квадратен без притоа да е донесен ДУП-от за местото во кое живеат.










