Првите аукции преку новиот систем за продажба и давање под закуп на деловен простор по електронски пат, односно преку интернет се одржаа вчера, соопштуваат од министерството за транспорт и врски.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2013 се издадени 179 одобренија за градење со предвидената вредност на објектите од 1. 452.757 илјади.
Според податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јули 2013 година, изнесува 2.407.356, а на увозот 3.774.653 илјади долари.
Според најновиот извештај на Светскиот економски форум, Македонија се најде на 73-то место на листата за конкурентност, искачувајќи се за седум места од минатата година кога беше рангирана на 80-та позиција.
Откако Агенцијата за лекови од Велика Британија (MHRA), изврши инспекција во погонот за производство на цврсти фармацевтски форми - таблети во профитниот центар Фармација на Алкалоид, по вторпат го обнови сертификатот за сообразност со начелата на добрата производна пракса (GMP), дефинирани во директивите на Европската Унија.
Во организација на глобалната Cisco Networking Академија и Академијата за компјутерски мрежи на Seavus Александрија, во Република Македонија денес ќе се одржи меѓународниот Cisco NetRiders натпревар.
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и неговиот турски колега Фарук Челик денес во Анкара ќе потпишат договор за соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето.
Претседателот на Газпром Алексеј Милер на вчерашната средба со македонскиот премиер Никола Груевски, истакнал дека рускиот енергетски гигант е заинтересиран за соработка со Македонија и таа е влезена во развојните планови на компанијата.
И оваа година на листата на 500 најголеми компании во централна Европа, што ја објави консултантско – ревизорската куќа Deloitte, од Македонија се најде само Окта и тоа на 404 место, за разлика од лани, кога беше на 335 место.
Сите нови приватни и бизнис постпејд корисници во ОНЕ, но и оние кои ќе направат обнова на својот веќе постоечки постпејд договор, добиваат ексклузивна можност самите да го креираат својот тарифен модел согласно нивните потреби, без обврски за времетраење на договорот или со попуст за нов мобилен телефон со договор на 24 месеци.
Бизнис секторот од Гостивар денес имаше можност да се запознае со испраќање на електронски пред-декларации, локално царинење на стоки, олеснетите царинските постапки и новите можности кои ги нуди Царинската управа на Македонија.
Започнува четвртиот циклус од Владиниот проект Учиме од бизнис заедницата, преку кој планирани се посети на најмалку 150 компании.
Плива по втор пат ја освојува наградата Супребрендс Македонија. Фармацевтската компанија ја доби оваа награда врз основа на гласовите од повеќе од 20.000 крајни корисници и стручното жири.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски денес во Берлин ќе ја потпише декларацијата за намера за Европски зелен појас.
Мелничарите бараат да се преиспита одлуката за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица и брашно и таа да остане на сила како што беше првично предвидено до 31 декември.
Компанијата Здравје Радово, во соработка со Црвениот крст од Скопје, иницираа хуманитарна акција во која вработените, заедно со своите семејства, ќе донираат облека, обувки, постелнини, млечни производи од широкиот асортиман на Здравје Радово, книги, покуќнина, детски играчки и се што може да им помогне на најсиромашните семејства кои живеат во тешки услови.
Сите невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го решат своето вработување и правните субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис ќе можат да аплицираат за поволни кредити со поедноставени услови.
Единствениот откупувач на маслодајни семиња во Македонија Благој Ѓорев ќе понуди поголема цена за еден тон сончоглед во однос на најниската берзанска цена која се нуди на светските пазари годинава.
Македонската маркетинг-агенција Њу момент - њу идеас компани освои гран-при за спотот „10 метри одвоени“ на фестивалот Пиран идеја што се одржа викендов во истомениот град во Словенија.
Мобилниот оператор Вип по повод својот шести роденден, претставува нова, специјална роденденска тарифа за сите нови и постоечки Вип постпејд корисници.
Средствата за финансирање на истражувачките програми во ЕУ најмногу ги користат Швајцарија, Холандија и нордиските земји, пишува МИА.
Од 10 до 12 октомври пред платото на Универзална сала – Скопје ќе се одржи второто издание на фестивалот за креативни индустрии Скопје креатива 2013.
Преку соопштение испратено до медиумите компанијата, ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје, информираше дека е отстранет техничкиот проблем на бензинската станица Охрид 1.
Според податоците на Државниот завод за статистика во Македонија во второто тримесечје годинава имало речиси 5.000 слободни работни места, од кои најголемиот дел во скопскиот регион, 1.617.