Работилница за енергетска ефикасност, наменета за малите и средните компании утрово ќе се одржи во Скопје.
Во рамките на 9-та годишна манифестација Недела на енергетиката во Македонија 2013, се одржа меѓународната конференција Енергетска искористеност на отпадот во урбаните заедници.
Трговското одделение при австриската Амбасада денес ги презентираше резултатите од првото истражување на бизнис климата меѓу австриските компании кои работат во Македонија.
Околу 20 компании од САД, Европа и Јапонија кои учествуваат на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт имаа можност да се запознаат со поволностите што ги нуди Македонија за отворање нови производствени капацитети.
Според статистичките податоци на операторот ТАВ Македонија, бројот на превезени патници преку македонските аеродроми во август се зголемил за 20,5% во споредба со истиот месец лани.
Здружението на транспортери Макамтранс итно да ја деблокира македонско-косовската граница, бараат бизнисмените од Стопанската комора на северозападна Македонија.
Во рамки на посетата на полскиот претседател Бронислав Коморовски на Македонија, вчера во Скопје се одржа Македонско – полски бизнис форум, што претставува значителен чекор кон продлабочување на односите помеѓу двете држави.
Во Македонски Железници Транспорт АД – Скопје вчера беше одржано отворање на понуди за набавка на 150 товарни вагони. Поднесените понуди беа од осум понудувачи од компании од Чешка, Романија, Хрватска, Кина, Словачка, Србија и Индија, од кои седум комплетни и една некомплетна.
Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес беа потпишани договорите за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година.
Индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во август 2013, во однос на јули 2013, изнесува 100.3, а во однос на август 2012 изнесува 102.8, велат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јули 2013 година изнесува 998.346 илјади денари што претставува намалување за 13,2% во споредба со јули 2012 година.
Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ќе се зголемат за 1,50 денари по литар, дизелот ќе поскапи за 2,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за три денари.
Во битката да се овозможи подобра и навремена дијагностика и правилен медицински третман, Стопанска банка АД – Скопје донираше апарат за ултразвучен преглед соодветен за примена кај најосетливата група на пациенти - новородени и доенчиња.
Според денешната презентираната нацрт стратегија за ЈИЕ 2020, се предвидуваат милион нови работни места до 2020 година во регионот на Jугоисточна Европа, зголемување на директните странски инвестиции за 240%, на обемот на трговија за 140%, на вработеноста за 5% и на високообразовната работна сила за 300.000 лица.
Комитетот за инвестиции за Југоисточна Европа, во рамки на Советот за регионална соработка, денес ќе одржи консултативна работилница за нацрт Стратегијата за ЈИЕ 2020: Работни места и просперитет во европска перспектива.
На старата локација на скопското Кале од утре па се до 15 септември, по шести пат во Скопје, ќе се одржи манифестацијата Гурмански викенд со пиво Пиволенд 2013.
Со десетина камиони и автобуси македонските превозници вчера вечерта го блокираа граничниот премин Блаце во знак на протест за трговска блокада од Косово.
Косово ја засилува блокадата на македонските производи. Од полноќ започна целосната забрана за увоз на сите стоки од Македонија на Косово.
Агенцијата за катастар на недвижности денес го промовираше новиот Правилник за премер на инфраструктурните објекти, односно подземниот катастар.
Владата на Република Македонија распиша јавен повик за пројавување интерес на лица кои сакаат и имаат желба да бидат ангажирани во управни и надзорни одбори чија ингеренција за именување спаѓа во директна или индиректна надлежност на Владата.
Во спроведената дводневна акција на Управата за јавни приходи, изречени се казни за 33 објекти книжарници, трговија со детска облека и обувки во Скопје, Тетово, Штип, Прилеп, Велес, Струга, Охрид и Кавадарци.
Претставници од петнаесетина компании од Јордан, членови на тамошната Стопанската комора, како и на Јорданско-Европската бизнис асоцијација, на 12 септември годинава ќе ја посетат Република Македонија.
Отсега мелено ќе може да се купи во месарница само ако истото се одбере од страна на потрошувачот и се сомеле пред него, или ако тоа е подготвено во оригинално пакување, во специјализирани објекти кои се одобрени и регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од ноќеска Косово воведе ембарго за производите од Македонија. Забраната се однесува на кондиторските производи, житните и млечни производи, за конзервирано овошје и зеленчук, алкохолни пијалаци и вино, како и тутун и производи од тутун од Македонија.