Од утре до 21 септември Охрид ќе биде домаќин на петиот Балкански стручно-научен конгрес од областа на рударството Балканмине 2013.
Рокот за добивање интегрирана еколошка дозвола до април 2014 година нема да биде пролонгиран. Ова го нагласи министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.
Од 19 до 21 овој месец, делегација од дваесетина турски компании, членови на стопанската комора на Бергама ќе ја посетат Македонија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јули оваа година, во однос на истиот период лани, изнесува 106,7, што укажува на пораст од 6,7%.
За време на прославата на шестиот роденден, мобилниот оператор Вип организира забавен СМС награден квиз, чија главната награда изнесува 600.000 денари (10.000 евра).
Според резултатите објавени од Националното биро за осигурување на Р. Македонија за првата половина од 2013, Триглав Осигурување АД Скопје повторно е на првата позиција на пазарот, со остварена бруто полисирана премија од 534 милиони денари и пазарен удел од 16,16%.
Советот на општина Гевгелија го усвои деталниот урбанистички план за Блокот 10.
Во организација на општината и ООУ Петре Поп Арсов, денес во Богомила денес ќе се одржи 7-от Саем на здрава храна Поблиску до природата.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски престојува во дводневна официјална посета на Русија.
Од вчера на полноќ сообраќајот меѓу Македонија и Косово се одвива нормално.
Во сите продажни места на ОНЕ од денес е достапен нов уред за следење на дигитални програми, таканарачениот Module CAM NP4, соопштуваат од компанијата.
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) оценува дека штетите на бизнисмените од спуштањето на рампата на македонско-косовската граница се евидентни и кај двете засегнати страни и тоа ќе се одрази врз компаниите.
Новата промотивна понуда за станбен кредит од Стопанска банка АД – Скопје, која започна на 10 септември, нуди трајни и подобрени услови за кредитирањеза нов дом, при што каматната стапка останува гарантирана цели 5 години.
На саемот што се одржува во Хефеи, главниот град на кинеската провинција Анхуи од денес се презентираат Македонските вина од пет винарии.
Соработката помеѓу Француската платежна агенција и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и понатаму ќе продолжи.
На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид од денес до 15 септември ќе се одржува петтата меѓународна конференција ИКТ Иновации 2013, на која ќе бидат промовирани резултати од научни истражувања.
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски вчера изјави дека предвремениот откуп на тутунот во земјава ќе почне кон крајот на септември и почетокот на октомври.
Откако стана дел од австриската групација Виена Иншуренс Груп – ВИГ, осигурителната компанија Кјуби се ребрендира во Осигурување Македонија.
Најдоцна до утре изутрина Косово ќе ја крене рампата за македонските производи, а се очекува да биде укината и влезната такса за косовските граѓани и возила при влез во Македонија, објавија Косовската радио телевизија и Косовапрес.
Компанијата ОКТА донираше 18 нови персонални компјутери и еден сервер за кабинетот по информатика во новото Модуларно училиште во Илинден.
Догодина се очекува и во Македонија да се игра лото на интернет. Имено, Државната лотарија на Македонија распиша јавен повик за склучување договор со искусна компанија за формирање заедничка фирма за приредување електронски и интернет-игри на среќа
Претставници и од реномирани јордански компании, членки на Јорданската европска бизнис асоцијација и Стопанската комора на Јордан, денес престојуваат во посета на Македонија.
Според објавените податоци на Комитетот за оперативна монетарна политика при Народната банка на Република Македонија, годишниот раст на инфлацијата продолжи да забавува и во август изнесуваше 2,8%.
Работилница за енергетска ефикасност, наменета за малите и средните компании утрово ќе се одржи во Скопје.










