Министерот за економија Ваљон Сарачини, денес ќе присуствува на Меѓународниот Eкономски Форум во Санкт Петербург, Русија.
Владата распиша нов јавен повик за пополнување на 99 раководни места како на централно така и на локално ниво.
Дел од оценките на учесниците на Go click и Google конференцијата за современ маркетинг, што денес се одржува во Скопје се дека компаниите и медиумите во Македонија ја препознаваат новата ера за развој со помош на интернет маркетингот и социјалните мрежи.
Дводневната посетата на Македонија од страна на тур операторите и медиумите од Албанија има за цел да го зголеми интересот на туристи за убавините на Македонија, како и да ги прошири можностите за економска соработка меѓу двете земји.
Pantheon Cloud е софтверско решение за целосна контрола на бизнис процесите во една компанија, коешто го овозможува Даталаб MK во соработка со Македонски Телеком.
Покрај директните приливи од концесија и новите работни места, оваа инвестиција ќе значи и дополнителна можност за заработка за многу локални мали и средни компании од западна Македонија.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ за сите Џабест и ОНЕ припејд корисници, воведе дневен пакет за мобилен интернет со вклучени 100 MB по цена од 19 денари и неделен пакет со вклучени 300 MB по цена од 39 денари.
Од 8 до 10 октомври Македонија 2025 ќе го одржи вториот Глобален инвестициски Самит за Македонија, а место на случувањата повторно ќе биде Охрид.
Остануваат уште 15 дена до истекот на рокот за 5.481 фирми да се регистрираат и 12.059 да мигрираат на новиот систем на е-Даноци.
Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување во наредната година ќе организираат неколку циклуси на тренинзи со цел доедукација на менаџерскиот и медицинскиот кадар во болниците и клиниките низ Републиката.
АД ЕЛЕМ, АД МЕПСО и ЕВН Македонија денес им доделија стипендии на 15 студенти од електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии, чиј просек на студирање повисок од 8.
Делегација на Македонско-бугарската стопанска комора денес во Приштина ќе потпише Меморандум за соработка со Алијансата на бизнисите во Косово.
Државниот завод за статистика објави дека стапката на невработеност во Македонија во првото тримесечје од годинава изнесува 29,9%.
Според податоците на Државниот завод за статистика прометот во индустријата во април, споредено со истиот период лани, бележи пораст од 7%.
Почнувајќи од денес клиентите на Т-Мобиле и НЛБ Тутунска банка ќе можат да плаќаат преку своите мобилни телефони, благодарение на новата услуга Мобипеј.
Министерството за информатичко општество и администрација објави повик за избор на најдобри е - продавници.
Минатата година во Македонија имало 2.235.460 активни корисници на мобилни телефони, што е зголемување за 1% во однос на 2011 година, стои во Годишниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации.
Според бројот на многу богати луѓе во анализата што ја изработи World Ultra Wealth Report (WUWR), Македонија има 35 мултимилионери, со што се најде при дното на европската листа, односно од вкупно 45 европски држави, на 42-то место.
Косовската влада донесе одлука камионите кои од Македонија превезуваат стока на Косово во иднина да плаќаат по 100 евра такса за влез во соседната држава, при тоа наведувајќи дека се работи за рециприоцитетна мерка.
Од следната недела на македонскиот пазар компанијата Дукат ќе понуди нов производ - единствено трајно млеко, произведено од одбрани фарми кои се сертифицирани за органско производство на млеко, според правилата на ЕУ.
Најголемата стопанска комора на Малезија пред своите членови ги промовираше условите и можностите за инвестирање и развој на трговските односи со Македонија.
Oпштина Охрид почна да ја подготвува брошурата насловена Инвестирајте во Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој согласно новата програма за 2013 година.
Телекомуникацискиот оператор Вип на своите корисниците во пресрет на летните одмори, им понуди две нови поволни опции за разговори во роаминг.
Во јунскиот полугодишен извештај Светската банка (СБ) ја крена прогнозата за раст на македонската економија од 1,0% на 1,4%, колку што прогнозираше во претходниот извештај.










