Винарската визба Сковин вчера целосно ги исплати обврските кон лозарите за 2012 година пред истекот на законскиот рок.
Специјализираното издание на Financial Times, fDi Intelligence ја прогласи фабриката на германската компанија Дрекслмаер што се гради во Кавадарци, за најдобра во категоријата производство.
Понудите за Optic пакетите од Македонски Телеком продолжуваат до 30 јуни 2013 година. До 30 јуни корисниците можат да пробаат Optic пакет со интернет со брзина на светлината без никаква доплата.
Преставници на дваесеттина турски компании, членови на Балканската асоцијација на индустријалци и бизнисмени од Румели (BALKANSİAD), Турција, на 15 април доаѓаат во посета на Македонија, со цел е да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности
Стопанска банка АД - Скопје на своите клиенти им излегува во пресрет со подобрени услови за станбен кредит.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе го означи почетокот на изградбата на една од четирите мали хидроцентрали, што ќе ги гради компанијата Сол Хидропауер дооел Скопје, во општина Теарце.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на живот во март годинава во однос на претходниот месец бележат пораст од 0,1%, а во однос на март минатата година од 3,1%.
По либерализацијата на пазарот кондиторската индустрија го зголемила производството за 250%, агресивно настапува на надворешниот пазар, а и од домашниот ја истисна странската конкуренција.
Од денес официјално започнува гласањето за Супербрендс во Македонија за 2013/2014 година, а со таков епитет ќе се здобијат брендовите кои ќе освојат најмногу гласови од стручното жири и потрошувачите.
Министерството за економија ја промовираше Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија за периодот 2013-2017 година.
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски на вчерашното годишно Собрание на федерацијата на фармери на Република Македонија најави модернизација и реформи во системот на давање советодавни услуги на земјоделците.
Досегашениот главен директор за финансии во Маѓар телеком, Тило Куш, е новиот извршен директор на Македонски телеком.
Лабораторијата за Електроника при Факултетот за електротехника и информациски технологии од денес е збогатена со компјутерски системи за изведување на лабораториски вежби, донација од македонскиот технолошки гигант Seavus.
Луѓето ви се суштински фактор ако сакате да зборувате за успешен бизнис. Да, квалитетен производ ви треба, но квалитетен производ не можете да измислите ако немате луѓе”, рече Поликарп Арсеновски, регионален менаџер на претставништвото Wrigley.
Владата ќе поддржува отворање нови или проширување на постојните семејни бизниси во руралните средини, преку средства во износ од 15 милиони евра.
До крајот на годинава сите министерства треба да се сертифицираат со ИСО стандард, а државните институции што годинава не обезбедиле финансии за таа намена, мораат да воведат таков стандард до крајот на 2014 година.
Виена Иншуренс Груп АГ Wiener Versicherung Gruppe ја презеде Кјуби Македонија АД Скопје и се стекна со 666.496 обични акции кои обезбедуваат учество од 92,89635% од вкупниот број на акции со право на глас
Во хотелот Континетал во Скопје во организација на агенцијата Марили беа вчера беа прогласени 10-те најуспешни жени менаџерки за 2012 година.
Македонската Државна фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) e прва во Југоисточна Европа која доби акредитација за дијагностицирање два карантински растителни вируси согласно европските стандарди.
Во Македонија пристигна најновиот модел на ексклузивниот и скап Порше 911, во чест на 50-та јубилејна година од појавувањето на овој престижен спортски автомобил.
Скопски саем, во соработка со Triple S Group, во рамките на Саемот за мебел 2013 организира бесплатно предавање на тема Зошто Merchandising во Вашите салони за мебел? Предавањето ќе се одржи на 29 март во Конгресниот центар при Скопски саем во периодот од 10:00 до 11:00 часот.
Во организација на Американската стопанска комора во Македонија, во Скопје денес ќе се одржи конференција на тема Изнаоѓање можности за унапредување на соработката помеѓу бизнис заедницата и универзитетите.
Агенцијата за храна во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија почнува реализација на проект Безбедноста на храната е обврска на сите заинтересирани страни во системот за безбедност на храната.
Државниот завод за статистика соопшти дека кај индустриското производство во февруари годинава во однос на февруари лани забележан е раст од 4,5%.










