Федерацијата на фармери (ФФРМ) заедно со своите членови деновиве реализира средби со сточарите и земјоделците низ Македонија.
Турската медицинска компанија Матек ќе инвестира 15 милиони евра во Македонија. Фабриката ќе се гради во ТИРЗ - Бунарџик, а се планира вработување на 300 лица.
Сите корисници на при-пејд картички, кои досега не ги регистрирале своите броеви, се уште имаат можност тоа да го направат кај своите мобилни оператори, соопшти денеска Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Државниот завод за статистика денес објави дека минатата година во ноември биле издадени 232 одобренија за градење, или за 3,3% помалку во однос на истиот месец 2011 година.
Продолжува акцијата на Агенцијата за катастар на недвижности, Отворено со катастарот, преку која граѓаните можат да остварат средби со стручни тимови на Агенцијата, преку кои би се решиле нивните проблеми од областа на катастарот.
Минатата година преку електронско јавно наддавање општина Илинден продаде 136 градежни парцели, со вкупна површина од 226.937 метри квадратни.
Според заедничкото годишното истражување спроведено од американската фондација Heritage и весникот Wall Street Journal, Македонија се најде на 43 место на табелата најслободни економии во светот.
Комитетот за оперативна монетарна политика при Народната банка на Република Македонија констатира дека движењата во економијата во државава, од аспект на монетарната политика и натаму се релативно поволни.
ЕВН Македонија започна заедничка кампања со банките за промоција на трајниот налог како опција за редовно плаќање на сметките за електрична енергија.
Владата одвои вкупно 148 милиони денари за развој и промоција на туризмот во 2013 година. Ова се за 2,5 пати повеќе средства од лани, кога беа проектирани 60 милиони денари.
Канцеларијата на Светска Банка во Скопје соопшти дека одборот на извршни директори на банката вчера ја одобри гаранцијата за поддршка на комерцијален заем за Владата на Република Македонија во износ од 155 милиони евра.
Турски инвеститори имаат намера да вложат средства во алтернативни извори на енергија во Богданци. Тие вчера се сретнаа со градоначалникот на општината, Ристо Ичков.
Македонија денеска целосно ја исплати еврообврзницата земена во 2009 година и со тоа се раздолжи за 183 милиони евра. Со ова е намален државниот долг на 28,5% од БДП.
Најголемо учество од 62,5% во извозот на стоки имаат земјите - членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан со 24,6%. Во увозот на стоки најголемо учество со 58,9% имаат земјите-членки на ЕУ и земјите во развој со 22,2%.
Годинава Владата на Република Македонија преку Министерството за економија ќе донира 13,37 милиони денари како поддршка за малите и средните претпријатија.
Менаџерскиот тим на новата винарија, која наесен ќе никне во Кавадарци, информира дека подготовките околу нејзината изградбата интензивно се одвиваат.
Следејќи ја традицијата да носи насмевки и искрена радост за време на празниците, софтверската компанија Сивус и оваа година организираше повеќе донаторски акции, во Македонија и во Танзанија.
Во рамки на проектот Енергетска ефикасност преку меѓуопштинска соработка, денес во општина Гевгелија започна кампањата Штедам енергија.
На вчерашната седница на Владата беше одлучено стипендиите за средношколците во Република Македонија за учебната 2012-2013 година да се зголемат за 25%.
Од министерството за финансии информирааат дека јануарската пензија односно социјалната парична помош денес е исплатена во целост.
Киното Cineplexx по повод претстојните Божиќни празници ќе организира семејна забава исполнета со многу активности.
Преку акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, годинава Владата ќе започне со градба на 474 станови во пет градови во Република Македонија.
Стопанска банка Битола стана сопственик на 9,4% од акциите во скопската кондитерска индустрија Европа. Продавачи на акциите се фирмите на Јовица Стефановиќ – Нини, Вет фарм трејд и Јака 80.
Од 1 јануари 2013 стартуваа со употреба адвокатски маркички, со кои адвокатите ќе плаќаат персоналниот данок на доход.