Македонија

Стопанска банка го одбележува Светскиот ден на штедењето, којшто има за цел не само да го поттикне штедењето, туку и да се разбере поширокиот ефект за економијата и општеството.
Прометот во трговијата на мало, во септември во однос на истиот период лани, забележува зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Фондацијата Трајче Мукаетов и годинава традиционално доделува 35 нови стипендии, и тоа 15 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, за учебната 2016/2017 година.
Конференцијата ќе понуди широк дијапазон на теми, од дигитална трансформација, оптимизација на огласување, креирање содржина, анализа на публика, па до медиумски навики, кризно комуницирање и развој на пазар.
Бројот на работници во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Brainster Кариера е онлајн платформа која на едно место ви нуди кариерно советување, идентификување на вашите потреби за доедукација, како и директно поврзување со компаниите кои имаат потреба од таленти.
Во првото тримесечје од 2016 година, 75,3% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за шест процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2015 година.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 63 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС – 98 и во следните две недели ќе биде 65 денари за еден литар. Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 50 денари за литар.
Светскиот ден на штедењето е востановен на 31-ви октомври 1924 година, во текот на првиот Меѓународен конгрес на штедилниците во Милано, Италија.
Акционерското друштво Мода од Свети Николе, од јануари до септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 23.147.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Како германска банка, која се раководи по принципите на одговорно банкарство, ПроКредит Банка покренува едукативна акција со цел да ги информира граѓаните за тоа како една банка ги користи средствата кои се депонираат од населението.
Малопродажниот ланец, на 200 м2 ќе понуди широк асортиман обувки и гардероба во неколку спортски линии – за жени, мажи, тинејџери и деца.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во септември оваа година, се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а пониски за 0,1% на годишно ниво.
Компанијата Жито Полог од Тетово, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 6.432.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Фруктал Мак од почетокот на годината до крајот на септември оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 5.327.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Комерцијална банка, во периодот јануари – септември оваа година, оствари позитивен финансиски резултат во износ од 526.234.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Индустриското производство во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 4,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Компанијата Макошпед, од почетокот на јануари до крајот на септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 13.105.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2015 година е 22,8%.
Целта на овој вид на кредитирање е финансиска поддршка на лица со пониски приходи, како и мали компании коишто планираат да започнат сопствен бизнис или да реализираат одредена економски исплатлива идеја.
Со потпишувањето на документот, двете институции се обврзаа на меѓусебна поддршка при инвестициски активности, обезбедување студентска пракса, давање препораки за вработување, развојно-истражувачки проекти преку соработка на експертски и професионални тимови...
Тутунски комбинат од Прилеп донесе предлог одлука за распоредување на добивката остварена во текот на минатата година.
Компанијата Пекабеско, од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 107.346.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех.
Станува збор за меѓународен бизнис маратон, односно натпревар меѓу индивидуалци, поделени во групи, чија задача ќе биде решавање на одредени бизнис проблеми.