Македонскиот финансиски систем има релативно едноставна структура, скромна поврзаност на активностите на одделните сегменти и отсуство на сложени финансиски инструменти, поради што ризикот од евентуално прелевање на проблеми помеѓу институционалните сегменти е незначителен.
Приходите од продажба изнесуваат 5,017 милиони денари, што претставува зголемување за 1,0% во споредба со истиот период од претходната година.
Победникот на Grand Prix наградата ќе добие 10.000 евра, MateBook X и патување во Италија.
Кандидатите коишто ја посетуваат обуката за оџачари во средното училиште ГУЦ Здравко Цветковски, деновиве излегоа на терен и го почнаа бесплатно чистење на 100 оџаци на граѓаните што се пријавија на повикот на Градот Скопје.
Порано годишните трошоци не беа ограничени и достигнуваа и до 500% од кредитот. Со измените се опфаќаат и мали кредити под 200 евра кои претходно, не беа законски опфатени.
Балфин и Комерцијална банка АД Скопје планираат Тирана банка да функционира како независна банка со која ќе управуваат искусни професионалци, предводена од меѓународен Управен одбор и ќе продолжи да ги проширува активностите на банката во Република Албанија.
Новиот производ – Битолско екстра кравјо кисело млеко, доаѓа како резултат на повеќемесечни опсежни истражувања на пазарот и мислењето на потрошувачите.
Во јули месец на Македонската берза се тргувани вкупно 1.996 трансации, од кои 421 се на Комерцијална Банка, со промет од 131.345.609 денари и 40,22% учество во севкупниот промет.
Потрошувачите најмногу се жалеле на откажување на патувањата поради недоволен број патници. Според ОПМ најголемиот проблем во овие случаеви е процесот на враќање на уплатените пари.
Во јули 2018 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници (16,1 %), туристичките пакет-аранжмани (6,5 %), услугите за сместување (3,4 %), патниот сообраќај (1,6 %)
Промотивната понуда на девизниот депозит ЕВРО ФИКС 15 за штедење во евра на 15 месеци со фиксна каматна стапка од 1,3% годишно е со важност до 30.9.2018 година.
На настанот ќе се дискутира за тоа како бизнисите можат да го подобрат нивниот начин на работење преку користење и менаџирање на податоците на најдобрите можни начини.
За секого од нив, компанијата издвојува по 6.000 денари месечно, десет месеци во годината.
Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2,8 %.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество до Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка, најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието.
Истовремено, со оваа Одлука се врши измена во член 59, став 6 од Правилата, со која се предвидува подетално уредување на можноста за користење на т.н. специјален ден на порамнување.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 73,00 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 62,50 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 51,50 ден/лит.
Само дел од продавниците каде што ќе може да се пазари со попуст се: Спорт М, Анхоч, Топ шоп, Васидора, Дуки Дасо, Сара фешн, дрогеријата ДМ, маркетот Веро, продавниците во одделот за храна и други.
Самсунг Галакси Таб 10.5“ им овозможува на родителите контрола при управувањето со содржините и времето на користење преку режимот за деца – Kids Mode, таблет интерфејсот на Самсунг кој е безбеден за деца и е дизајниран со цел да ги направи учењето и забавата поедноставни, побезбедни и поинтересни
Денеска во Прилеп здруженијата ЛАГ Агро Лидер и Солар Македонија одржаа заедничка презентација пред фармери од Пелагонија на тема внесување на соларни системи и одржлива енергија во земјоделското производство во регионот.
На словенечкиот меѓународен саем за вино Вино Словенија кој се одржа во Горна Радгона, црвеното вино Domaine Lepovo Grand Cuvée се закити со шампионска титула во својата категорија
Секој совесен возач, кога ќе забележи работници облечени во портокалови елечиња на коловозот треба веднаш да ја намали брзината и да ја зголеми претпазливоста и внимателноста при возење.
Акциите издадени од Јака 80 АД Радовиш ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од 01.08.2018 година (Среда).











