НБРМ неодамна донесе измени во подзаконската регулатива од областа на евиденцијата и известувањето за кредитните работи склучени со нерезиденти, коишто пред сѐ се однесуваат на олеснување на постапката на известувањето.
Од денеска тутунот се откупува во Алијанса од Кавадарци и Струмица табак, а од понеделникот вратите на пунктовите ги отворија и Сокотаб од Битола и Прилепскиот тутунски комбинат.
Стопанска банка АД - Скопје, холандскиот технолошки гигант Philips и малопродажниот ланец за техника во Македонија - Техномаркет, на 10-ти декември отвораат уникатна интернет продавница.
Идејата на НЕОДАТА да го понуди dataKing Cloud на македонските компании, како достапен и исклучително квалитетен софтвер за деловно работење, води кон раст и развој на целата бизнис заедница, како и свесност за новите технологии и следење на светските трендови.
Почнувајќи од петокот во попладневните часови, па до денеска, субвенции за одржување на лозови насади добија околу 2.500 лозаропроизводители од општините Неготино и Демир Капијa.
Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска ќе ги презентира последните извештаи за резултатите и проекциите за развој на македонската економија.
УЈП ги повикува обврзниците кои должат радиодифузна такса наведени во објавената листа, најдоцна до 16-ти декември да ги подигнат решенијата за присилна наплата во просториите на регионалната дирекција на УЈП, секој работен ден од 8:30 до 18:00 часот и сабота од 8:30 до 14:00 часот.
Olympia Motors, овластен дистрибутер за автомобилските брендови Opel и Chevrolet, ве предизвикува да го смислите и изработите новото лого, а трите избрани решенија ќе добијат награди.
Во Технолошко индустриската развојна зона во Бунарџик Скопје 1 денеска почна со работа фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња Арц Аутомотив Македонија, инвестиција на американската компанија Кап Кон во износ од 18 милиони евра.
Вкупните девизни резерви заклучно со 31-ви ноември оваа година имаат вредност од 2.203.400.000 евра, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија.
Трошоците на живот и цените на мало во ноември, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Конкурсот е во рамки на активностите за подигнување на нивното и општата свест за финансиска писменост, вклученост и едукација на населението, особено на младите.
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во третото тримесечје од оваа година, во однос на истиот период лани, се пониски за 2,4%.
Акциите на ТТК банка, Комерцијална банка и Алкалоид се најтргувани во ноември, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.
Во пресрет на Новогодишните празници, Медикус Хелп има понуда со која имате можност да подарите корисни производи за спречување на деформитетите на рбетниот столб или за најмалите да одберете новогодишно пакетче за превенција од рамни стапала.
Електронскиот шалтер, шалтерите во Центарот за катастар на недвижности во Скопје, како и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија денеска и утре нема да примаат барања и да издаваат податоци.
Жито Лукс со своја донација се вклучи и ја поддржа кампањата иницирана од Твитер заедницата во Македонија, #ретвитниоброк.
За рестартирањето во февруари планираат да вклучат во производство 150 работници во погонот за блок греди, којшто треба прв да биде рестартиран.
Цените на угостителските услуги во ноември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во време кога промените се случуваат секојдневно, од клучно значење е да се делува и да се планира брзо.
Започна процесот на евалуација на најдобрите од 40-те идеи пријавени на програмата Моја Идеја! Мој Бизнис!. Оваа програма се спроведува од CEED Македонија, а е финансирана од Филип Морис ТКП и има за цел да се стимулираат идеи за претприемништвото кај младите во Пелагонискиот регион.
Трговскиот дефицит во период од јануари до октомври оваа година, достигна 1.370.746.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Македонската навигација М - НАВ стана дел од Gate one - Асоцијација на провајдери на воздухопловна навигација.
Со врвен квалитетен производ, најнова технологија, посветена работа и развој на проекти од интерес на животната средина и заедницата, Цементарница Усје АД Скопје одбележува 60 години од своето делување на македонскиот пазар.