Целите на проектот што го реализира секторот за вино при Фондацијата Тиквешки вински пат вклучуваат брендирање на домашната ракија и стандардизација на производството.
Сите нови корисници на пакетите на операторите Blizoo кои ќе потпишат договор до 31-ти декември 2013 го добиваат пакетот Делукс по намалена цена.
Во просториите на Стопанската комора на Македонија денес ќе биде претставен пилот проектот Со GS1 DataBar обезбедена следливост на производите до самото наплатно место.
Редовните железнички линии за товарен транспорт од Македонија кон Солунското пристаниште треба да стартуваат во март 2014.
Индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во ноември 2013, во однос на октомври 2013, изнесува 99,9, а во однос на ноември 2012 изнесува 101,1, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во октомври 2013 година изнесува 1.063.576 илјади денари што претставува намалување за 6,4% во споредба со октомври 2012 година.
Македонија брзо напредува во сите сфери на информациските и компјутерските технологии со што станува водечка во регионот, а гостите изразиле подготвеност за инвестирање во земјава.
Во третиот квартал од 2013 година девизните резерви на Македонија се на ниво од две милијарди 64 милиони и 800 илјади евра, што во споредба со претходниот квартал, претставува зголемување од 25 милиони и 600 илјади евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.
Галичник е името на новите млечни производи на малопродажниот пазар. Станува збор за овчо галичко сирење и овчи кашкавал во индивидуално пакување производи на млекарницата Галичник, која што е во сопственост на Перминдекс Групацијата.
Планирани се повеќе одвоени средби со стопанственици и потенцијални инвеститори, а централен настан е бизнис форумот што ќе се одржи вечер, на кој пред стопанските комори и бизнисмени од различни сфери на германската индустрија ќе бидат претставени поволностите за инвестирање во Република Македонија.
Во просториите на Стопанската комора на Македонија денес ќе се одржи презентација на потенцијалите на Град Солун.
Со економски раст од 3,4% во првата половина на 2013 година, Македонија е на прво место во регионот, се наведува во редовниот економски извештај на Југоисточна Европа на Светска банка.
Република Македонија ќе продолжи со реализацијата на Јужен тек со тоа што ја поттикнува Европската комисија и Русија да отворат директен дијалог, односно Газпром и ЕК за решавање на сите прашања што Европската комисија ги потегна во однос на реализацијата на овој крупен меѓународен проект.
Две компании од Дубаи ќе инвестираат во откупно-дистрибутивен центар и ладилник за јаболки во Ресен. Инвестицијата ќе биде најмалку пет милиони евра и ќе вработат 100 лица.
Директорот на јавното комунално претпријатие Комуналец Златко Ристески, информираше дека Прилеп догодина ќе добие фабрика за секундарна преработка на отпадот.
Банката за развој при Советот на Европа и Охридска банка потпишаа договор за кредитна линија од осум милиони евра кои ќе бидат наменети за мали и за средни претпријатија.
Ставање во функција на сите електронски алатки за услужната дејност со искучување на човековиот фактор е предизвикот кој во следната година ќе биде пред Министерството за транспорт и врски.
Министерот за странски инвестиции Бил Павлески, во рамките на форумот, ќе ги претстави инвестициските можности пред повеќе од 40 компании од Централна и Источна Европа.
Во публикацијата е направена сеопфатна анализа на правната рамка на Република Македонија и Европската Унија во делот на енергетската ефикасност, како и анализа на проблемите и пречките со кои се соочуваат општините при унапредување на енергетската ефикасност.
По принципот на јавно-приватно партнерство, општина Крива Паланка ќе добие две мини хидроцентрали на Станечка река.
Во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија и Унгарската Aгенција за странски инвестиции вчера во Скопје се одржа Македонско- Унгарски бизнис форум.
Конференцијата на едно место обединува експерти за решенија за јавниот сектор од Мајкрософт, претставници на Владите на Македонија, Косово, Бугарија, Албанија и БиХ, ИТ компании од Македонија и регионот, кои презентираа најдобри практики и решенија кои имаат единствена цел подобрување на капацитетот, ефикасноста и квалитетот на владините институции и единиците на локалната управа.
Правото на отпис на камата по основ неплатени придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, доколку во целост се исплати долг направен до 31 декември 2008 година, го искористиле 766 правни субјекти и физички лица.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2013 година, во споредба со октомври 2013 година, е намален за 2%.