Министерството за финансии денес исплати 254.430.205 денари за субвенции за повеќе земјоделски гранки.
Приближно седум милиони денари од Буџетот на Република Македонија, до крајот на годинава ќе бидат искористени за имплементирање на седум регионални проекти, од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Отсега патниците кои ќе патуваат со транспортната компанија Галеб од Охрид ќе можат да уживаат во возењето сурфајќи на интернет.
Во наредните денови во Македонија треба да стартува новиот виртуелен оператор Албафоне чија примарна таргет група ќе бидат граѓаните Албанци во Република Македонија.
T-Home од денес стартува со одлична промотивна понуда на своите 3 Max пакети. Понудата се однесува за сите кои сакаат да станат корисник на 3 Max пакет и е со важност до 16 август.
Во летниот клуб Хавана, втора година по ред, се одржа еко фестивалот Sound of green во организација на Друштвото за управување со отпад од пакување Пакомак. Влезниците за фестивалот не се продаваа, туку секој можеше да добие билет во замена за три празни пластични шишиња од која било големина.
Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното се зголемуваат за половина денар.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ од денес воведува промотивна понуда, најниска цена за роаминг повици од само 9,9 денари/минута кон сите мобилни и фиксни броеви на ОНЕ и ЏаБест и само 5,9 денари/минута за SMS пораки кон која и да мрежа во Македонија и во странство.
Почнувајќи од денес тарифните потрошувачи ќе плаќаат поевтина електрична енергија за 4,48%, односнo по средна вредност од 4,731 денар за киловат час.
Викендов на подрачјето на општините Делчево, Пехчево и Берово започна бербата на вишните. По бербата тие се транспортираат и се складираат во коморите на Ладилникот на Комбинатот Рудине.
Голем број на стари хотели, одморалишта, оранжерии, делови од комбинати, производни површини, фабрики, хали, сали, магацини, деловни згради ќе бидат повторно ставени во употреба како погодни за реализација на brown field инвестиции.
Проектот кој се реализираше од страна на Фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком, е-Бонтон, излезе од печат.
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2013 година, во однос на април 2012 година, изнесува 101.2, објави денес Државниот завод за статистика.
Македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски и турскиот министерот за храна, земјоделство и сточарство, Мехди Екер вчера во Анкара потпишаа меморандум за разбирање меѓу двете држави во областа на земјоделството.
Според соопштението на Државниот завод за статистика, индустриското производство во периодот јануари - мај годинава во однос на истиот период лани е зголемено за 1,7%.
Црвеното вино Барово од бербата 2011-та освои уште едно злато, а белите вина Ркацители Special Selection и Бела Вода од бербата 2012-та освоија сребрени медали.
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на електричната енергија од први јули ќе биде пониска за 5,24%. Средната цена за киловат час електрична енергија треба да изнесува 4,483 денари.
Во организација на Здружението за електрични возила Електромобилност Македонија на Машинскиот факултет во Скопје, денес ќе се одржат првaта меѓународна конференција и саем Електрични возила - нови трендови за мобилност.
Семејството на PANTHEON Cloud за период од три месеци брои повеќе од 150 корисници. Компанијата ГЕНЕЛ ЛТД, овластен дистрибутер на CANON за македонскиот пазар, е 100-от корисник на PANTHEON Cloud. Ова е нивната успешна приказна!
Околу стотина претставници на туристички организации и тур-оператори од Холандија, предводени од главниот извршен директор на тур-операторот ТУИ Стефан Ван дер Хајден, утре ќе допатуваат во Охрид.
Една од основите за производство на квалитетно млеко е избалансирана храна и хигиена на фармите.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто - домашната потрошувачка на електрична енергија во месец март годинава изнесувала 798.785 МWh, што во споредба со истиот месец лани е намалена за 0,28%.
Остануваат уште 4.244 фирми кои во следните пет дена треба да се прилагодат за електронско пријавување на ДДВ и данок на добивка преку системот е-Даноци, соопшти Управата за јавни приходи.
Вип операторот ја збогатува својата летна припејд понуда со ново специјално изненадување наменето пред се за корисниците кои летово ќе ја посетат Македонија.