Во програмата на чешкиот фестивал Околу светот се најдоа и планините во Македонија и нивните убавини.
Албански тур-оператори од денес до петок се во посета на Македонија, со цел запознавање со туристичките понуди и атракции кои земјава ги нуди.
Македонија во јануари годинава била најмногу посетена од грчки, албански и српски туристи.
Ќе се натпреваруваат учесници од Грција, Турција, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Полска, Германија, Бразил, Црна Гора... во категориите Роботска рака, Пуволи, Хуманид, Сумо и Лавиринт/трка.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде согласност на Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје.
Македонски Телеком објави нова бенефиција за корисниците на MaxTV кои имаат приклучок на оптика. Отсега ќе имаат можност да користат дури пет медиа приемници и на секој од нив да поврзат посебен телевизор.
Коучингот е фаза во развојот на еден вработен, каде што од тој вработен се бара да ги активира своите потенцијали, да генерира идеи и да учествува во работата на фирмата.
Oд 15-ти овој месец се намалуваат цените на лековите за речиси сите фармодинамски подрачја, но најмногу кај оние за онколошки заболувања, лекови против алергија, за белодробни заболувања, за остеопороза, хормони, за емотивни заболувања.
Туристичката потенцијали на Охрид и на Македонија беа презентирани на угледниот туристичкиот саем во Берлин, што се одржа од 6 до 10 март.
Електронска апликација Да ја заштитиме животната средина, идеја на македонското министерство за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за Катастар го освои првото место на натпреварот за идеи распишан од Европската Комисија, во рамки на проектот Инспирација за земјите од Западен Балкан.
Една од основните пречки за поголем економски развој е немањето соодветна транспортна инфраструктура, патничко и железничко поврзување во регионот и со Европа.
Федерацијата на фармери на Македонија предлага фармерите погодени од неодамнешните поплави да не плаќаат закуп за земеното државно земјоделско земјиште, ниту надомест на водните заедници.
Јапонската поддршката за четири мали проекти во Македонија, за фискалната 2012 година, изнесува вкупно 225.472 евра и истите ќе бидат доделени денес.
Владата на Република Македонија испрати апел до земјоделците да ја искористат државната помош и да ги осигураат посевите.
Уште една германска компанија, заинтересирана да инвестира во Македонија, наскоро ќе отвори фабрика за електроника во Велес
На настанот присуствуваа жени претприемачи кои ги споделија своите искуства и предизвици со кои се среќаваат при водење на своите бизниси. Меѓусебно разменија искуства за пречките со кои се среќаваат при имплементирање на новите деловни решенија, како и можните стратегии за нивно надминување.
Мобилниот оператор Vip вчера соопшти дека ја збогати својата припејд понуда со нови тарифи и опции кои им овозможат на корисниците повеќе поволности.
Министерството за финансии ја исплати субвенцијата за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко во износ од 215,8 милиони денари на 7.808 сточари, со тоа што на 4 март се исплатени 31,5 милиони денари, а денес преостанатите 184,3 милиони денари.
Македонската и турската царина во иднина ќе ја унапредат соработката во областа на царинските контроли и истраги.
Од мај македонските граѓани од аеродромот Александар Велики ќе можат директно да летаат до Стокхолм, Шведска, преку нискобуџетната компанија Виз Ер.
Од 1 јуни дозволите за градење ќе почнат да се издаваат по електронски пат. Со новиот софтвер што го изготви ЗЕЛС во соработка со Агенцијата за електронски комуникации, дозвола за градба ќе може да се добие за 15 наместо за 45 дена
Делегација на Стопанската комора на Македонија предводена од претседателот Бранко Азески денес престојува во работна посета на Стопанската комора на Србија каде што реализира средба со нејзиното раководство предводено од претседателот Милош Бугарин
На Меѓународен инвестициски форум што завршува денес, а на кој учествуваше и претставник од Стопанската комора на Македонија беше потврдено дека на македонските компании им се отвара патот до Туркменистан.
Фондацијата Т-Мобиле за Македонија и Фондот за деца при Обединетите нации УНИЦЕФ, ќе отворат дополнителни Центри за ран детски развој во ранливите заедници.