Потпишување на договорите со земјоделските задруги кои преку Програмата за рурален развој добија финансиска поддршка за набавка на земјоделска механизација.
Фармацевтскиот гигант Алкалоид оствари нето добивка од 439.873.000 денари во период од јануари до септември оваа година.
Бројот на работници во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, бележи зголемување од 10,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со организирање на втората Академија за пиво, Прилепска Пиварница ја продолжува својата мисија за едукација за карактеристиките на пивото и влијанието на состојките врз вкусот на пивото.
Граѓаните имаат голема доверба во банкарскиот систем, штедните влогови бележат континуиран раст, а најголем дел од нив се домашна валута.
Од денеска, телекомуникацискиот оператор ОНЕ го нуди iPhone 6, најдобриот телефон со најдобра цена.
УСАИД го креираше иновативниот фонд во партнерство со Фондот за поддршка на мали и средни претпријатија (SEAF) и Homestrings, онлајн инвестициска платформа, со цел да ѝ овозможи на дијаспората да инвестира со доверба во малите и средни бизниси во Македонија.
Вкупно 68,3% од домаќинствата во Македонија, во првото тримесечје од оваа година, имале пристап на интернет од дома.
Макстил го прекинува производството во погонот Челичарница се додека не се стави во целосна функција новата филтерска постројка, стои во соопштението на компанијата.
Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија ќе додели признанија на 37 најдобри шалтерски работници од банки и штедилници за постигнати резултати во работење со население за 2013.
Комерцијална банка евидентираше загуба од 183.696.000 денари во првите девет месеци од оваа година, покажуваат податоците од неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех на банката.
Посетата на УСЈЕ е активност во рамките на годинешната Европска конференција во организација на Македонската мрежа на Глобалниот договор.
Компанијата Факом прикажа загуба од 26.901.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Фондацијата Трајче Мукаетов и оваа година доделува 40 стипендии и тоа 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет.
Вкупно 664,2 милиони евра, односно 320 по глава на жител, се наменети за Македонија од ЕУ преку инструментот за претпристапна помош ИПА II 2014-2020.
И во услови на надворешно окружување исполнето со предизвици, банкарскиот систем во Македонија успеа да ја задржи ликвидноста и солвентноста, а со тоа и својата стабилност и сигурност, беше утврдено на седницата на Советот на Народна банка на Македонија (НБРМ).
Електронска евиденција на тутунот ќе започне од март следната година, со што ќе се надмине проблемот со склучување двојни или тројни договори за иста површина на тутун.
Од понудените 13.630.537 обични акции, продадени се вкупно 13.630.537 обични акции во вкупен износ од 4.307.249.692,00 денари, со што јавната понуда е реализирана со процент на реализација од 100%.
Гувернерите на народните банки на Македонија и Хрватска, Димитар Богов и Борис Вујчиќ, денеска потпишаа Меморандум за соработка и размена на информации во областа на монетарната политика и примената на макропрудентните мерки.
Од денека посетителите на Скопје Сити Мол, ќе можат да ги набават своите омилени производи од производната палета на Виталиа.
Индустриското производство во септември оваа година забележа пораст од 9,1% во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Малопродажниот ланец Жито Маркети денеска го отвори својот најнов продажен објект во скопската населба Драчево.
Денеска ќе се одржи конференција Европски ден на претприемачот & Европска недела на МСП и СЕЕИТА & МАСИТ Отворени денови.
Македонија уште еднаш е меѓу земјите што се најголеми реформатори за водење бизнис, позиционирајќи се на 30-тото место.