Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски се сретна со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ.
Kако одговор на засилената активност на Македонија и партнерите од регионот, канадската влада се реши финансиски да го помогне економскиот форум, со што македонските економски и бизнис потенцијали влегуваат во фокусот на канадските инвеститори.
Граѓаните од денеска ќе можат да плаќаат со картички преку ПОС терминали на шалтерите при аплицирање за нови лични документи.
Здружението Ауреола од Струга заедно со невладини организации од Република Албанија, изработија посебна стратегија со која ќе го развиваат туризмот на струшкото крајбрежје. Проектот ќе се одвива во рамките на ИПА-3 компонентата за прекугранична соработка.
На први јуни годинава Македонија ќе започне со дигитализацијата на телевизискиот сигнал. Тендерот на Агенцијата за електронски комуникации за вршење радиофрекфенции за дигитална телевизија, го доби телекомуникацискиот оператор One.
На саемот за роботика, кој ќе се одржи од 12 до 16 март, учество ќе земат околу 80 домашни и 30 странски учесници.
Признанието за остварени инвестиции во услови на криза им беше свечено доделено на главните менаџери на Макпрогрес, г-дин Александар Цветанов и г-дин Глигор Цветанов. Макпрогрес е единствена компанија од областа кондиторија која се здоби со вакво признание.
Според оценката на раководителите, eкономската состојба на деловните субјекти во јануари 2013 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јануари 2012 година
Компанијата Grupa TriGranit преку словенечкиот партнер Групација ЕРА, која е сопственик на Скопски саем, ќе влезе и на македонскиот пазар.
Директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, во интервју за Алсат-М изјави дека компании од автомобилската индустрија во следниве две недели ќе ја скенираат Македонија.
За поттикнување на вработувањето и развојот на вештините за вработување во земјава се наменети вкупно 64 милиони евра, 54 милиони евра од Европската унија, а останатите се обезбедени од државниот буџет. Досега се распределени 14 милиони евра за тековни проекти.
Во македонското млеко нема присуство на афлатоксин над дозволеното ниво, а се контролира и сточната храна во земјава, тврди министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.
Менаџирањето не се остварува на ниту еден друг начин освен преку комуницирање, а еден од главните елементи на комуникацискиот процес е слушањето.
Албански универзитетски професори, претставници на албанското министерство за земјоделство, како и земјоделци од Албанија го посетија неготинското село Тимјаник за да се запознаат со бизнисот на семејството Мојсовски, кое произведува сертифициран лозов калем.
Во текот на следната недела Регулаторната комисија за енергетика ќе предложи намалување на цената на топлинската енергија од 13,26% за граѓаните кои се греат преку Балкан енерџи груп и 14,92% за оние што се греат преку топланата Скопје Север.
Руско-македонската фармацевтска компанија Продис, започна да ги извезува своите производи на рускиот пазар.
Единствено спорна од увезените млека од Србија е одредена количина од производот Moja kravica 2,8%MM, со рок на траење до 14 август 2013.4EN 10, од производителот Imlek Белград.
Македонските компании искористиле половина од евтината кредитна линија од Европската инвестициска банка.
Европската Унија, во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка, ќе ја финансира реконструкцијата на реката Брегалница во централното градско подрачје на Берово.
Либерализацијата на пазарот на електрична енергија што требаше да се случи од 1 јануари не зависи од ЕВН Македонија, велат од компанијата, по вчерашната изјава на Кочо Анѓушев, новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација.
Предавачи на овој модул се Данче Чакаровска - Гроздановска, адвокат и правен консултант од адвокатската канцеларија Чакаровска и Весна Костовска, раководител на правниот оддел во EOS Матрих.
Одлично оди враќањето на долгот кон стопанството. Ликвидноста е подобрена и сметам дека целосно ќе го испочитуваме рокот што е даден до крајот на месецов, изјави Ставрески.
Кочо Анѓушев е новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија. Анѓушев на раководното место во МЕА доаѓа по Димитар Хаџимишев кој ја извршуваше оваа функција 17 години.
Ѕeat Leon е избран за Автомобил на годината во Македонија, од страна на националното жири, и со тоа стана 18-ти освојувач на оваа титула.