Новости

Конференција на тема ИКТ во Агробизнис, организирана од страна на МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии во соработка со АгФутура Технологии и ПроКредит Банка, ќе се одржи во периодот од 23-ти до 24-ти ноември во хотелот Александар Палас во Скопје.
Ланецот нуди облека и производи за домаќинство по ниски цени, а освен во Полска, присутен е и во Чешка, Унгарија, Словачка и Романија.
Народната банка на Република Македонија ја издаде и пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели свети Никола Чудотворец.
Меѓународниот саем Технома е важен промотор на развојот на индустриското стопанство во регионот, па поради тоа со самите новитети кои секоја година овој саем ги прикажува, граѓаните сè повеќе се интересираат и го посетуваат.
Сѐ повеќе туристи се во потрага по “зелени“ дестинации кои се проактивни кон прашањата на животната средина: енергетската ефикасност, управувањето со отпадот, јаглеродните емисии, зачувувањето на биодиверзитетот и водоснабдувањето.
Поврзување на бизнисот и информатичката технологија - главна тема на годинашната Microsoft конференција.
Секоја модерна кујна, голема или мала, заслужува машина за миење на садовите. Наше мислење е дека таа треба да биде елегантна, ефикасна и лесна за управување.
Во Македонија веќе една година функционира механизмот за мирно решавање на работните спорови, со лиценцирано 41 лице како арбитар во тој процес.
На лажицата, којашто има рамна површина, има обележано повеќе мерки (на пример, супена или кафена лажица) што го олеснува подготвувањето на храна.
Комерцијална банка во експозитурата Расадник во Кисела Вода, по повод Денот на слепите лица 15-ти октомври, постави траки – водичи за лица со оштетен вид.
На почетокот, дроновите ќе испорачуваат само крв, но наскоро се планира испораката да се прошири и на снабдување со вакцини, медицински материјали, како и други лекови.
Со издавањето на публикациите се овозможува детален увид во историјата и процесите на градењето на централнобанкарското работење, од неговите зачетоци, па сѐ до денес.
Според соопштението на BASF, континуираните мерења надвор од фабриката не покажуваат зголемување на нивото на токсични супстанци во воздухот или почвата.
Наскоро во БиХ ќе започне инсталација на соларни панели на шталски објекти, со што земјата ќе ги добие првите “соларни штали”.
Амортизацијата претставува постепено отпишување на вредноста на основните средства со коишто располага компанијата.
Вкупните приходи се планирани на ниво од 187,612 милијарди денари, додека вкупните расходи се на ниво од 206,219 милијарди денари или за 4,5% повеќе во однос на годинава.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември оваа година е за 0,6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, додека во однос на истиот период лани зголемувањето е за 5,5 процентни поени.
Користејќи го пристапот на отворено место за споделување на знаење и идеи, Brainster talks ќе биде бесплатен и редовен meetup - настан каде што учесниците ќе учат од експерти во одредена област кои ќе зборуваат на актуелна тема.
На панелот Европска и регионална интеграција, експертите ќе зборуваат за финансиите, европските пазари и можностите за интегрирање на македонското стопанство со регионалните корпоративни сектори.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 63 денари, што е за 1,50 денари повеќе. Новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 65 денари, додека еден литар Еуродизелот (Д-Е V) ќе чини 50 денари.
Надзорниот одбор го именува Ненад Јовановски за претседател на Управниот одбор и генерален директор на МЕПСО.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го одбележа Светскиот ден на храната под мотото: Блиску до традицијата, поблиску до природата.
Мобилната сала за состаноци може да прими до осум луѓе, кои можат да седат или да стојат. Освен за состаноци, може да се користи и како просторија за одмор.
Прометот во индустријата во август 2016 година, во однос на претходниот месец, е намален за 4,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.