Новости

ХОТАМ се приклучи кон иницијативата на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) за измени и дополнувања на законската регулатива која се однесува на ангажманот на сезонските работници.
Пазарите на земјите членки на Европската унија имаат најголемо учество во вкупниот извоз на компаниите од Македонија во 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Минатата година во Турција беа произведени рекордни 1.359 милиони возила, но тие возила се на странски компании или на компании во соработка со турски компании.
Добра вест за сите родители е новата програма на ЦЕЕД ЕДУ посветена на професионалната ориентација и планирање на кариера за ученици од основно и средно образование.
Порше Македонија го отвори новиот продажен салон во Скопје во којшто ќе се продаваат ексклузивните модели на Porsche.
Десеттиот Октоберфест беше отворен на традиционалниот начин на кој се отвора и Октоберфест во Минхен - со дрвен чекан беше пробиен чепот на првото буре со пиво, а со изреката “О'zapft is“ (тапата е отворена).
Милена Миленковска беше најбрзата личност која го пронајде бурето што беше скриено во скопскиот ресторан Пелистер во рамки на глобалната прослава на 150-годишнината на дестилеријата Џек Даниелс.
Стопанска банка на законските наследници на починатите од поплавите што се случија на шести август им одобрува неповратна финансиска помош во износ од 1.500 евра по семејство, соопштуваат од банката.
Марко Ќаласан, од репрезентацијата на Македонија, освои сребрен медал, додека Јосиф Тепеѓозов, Андреј Величковски, Даријан Шеќеров, Филип Шијаков и Мила Ќосева освоија бронзени медали. Најуспешен учесник на олимпијадата беше Молдавецот Габриел Којокару.
Научници од Новосибиркс создадоа иновативни чизми коишто се отпорни и можат да задржат топлина и на екстремно ниски температури и до – 70 степени Целзиусови.
Македонска берза организира уште еден отворен ден што ќе се одржи на петти октомври (среда) со почеток од 11 часот.
Со единствена цел обезбедување на услови овие погодени семејства што побрзо да успеат да го вратат својот живот во нормала, фондацијата во соработка со канцеларијата на Lyoness во Македонија, обезбеди одреден износ на средства за купување на нови електронски апарати за домаќинството.
Хрватската апликација Photomath, којашто ја користи камерата на мобилниот телефон за решавање на математички равенки, сега може да се препознае ракопис, пишува Techcrunch.
Професионалниот бодибилдер Мирко Петровски е новото засилување во тимот на бренд амбасадори на Polleo Sport во Македонија.
Фондот за иновации и технолошки развој, во петок на 23 септември 2016 година со почеток во 11:00, на Технолошко Металуршки Факултет Скопје - Амфитетар ФИНКИ ја организира првата од серијата инфо сесии за процесот на аплицирање за натпреварите Скопски автобуски хакатон и Паметна автобуска постојка.
Од минатиот месец, во сопственост на деловниот систем на Swisslion Takovo се најде уште една фабрика за кондиторски производи. Со цел ревитализација на компанијата и нејзините производи, Swisslion ја купи фабриката Банат од Вршац.
Во едно видео тимот обложува цела лубеница со Line-X и ја фрла од 45 метри височина. Лубеницата не се крши, туку како топка се одбива од земјата.
Цементарница Усје се вклучи во активностите за одбележување на Европската недела на мобилност, којашто традиционално се одржува од 16-ти до 22-ри септември.
Предизвикот овој пат ќе биде да се тргне од дефиниран код и да се стигне до продукт кој потенцијално ќе го освои глобалниот пазар.
МЕПСО ја спроведе постапката за пристапување кон SEE CAO, регионалната компанија што е формирана од страна на осум оператори на електроенергетски системи од регионот со задача да организира аукции за закуп на прекугранични капацитети за пренос на електрична енергија.
Пловната куќа на два ката ќе има форма на отровната риба ража, а до неа ќе се влегува преку патека по којашто ќе може да помине и возило.
Kello вклучува повеќе функции, на пример Deep Sleep, којашто им помага на корисниците да заспијат веднаш штом ќе легнат, а за таа цел користи бавна пулсирачка светлина што го имитира нивното дишење.
Проектот чинеше 4,5 милиони долари, од кои 335.000 се донирани онлајн од страна на љубители на пиво.
Култните говорници се опремени со интернет приклучок, телефон, принтер, скенер, како и бесплатно кафе и чај. Користењето на црвената минијатурна канцеларија чини 32 долари месечно.