Новости

Порше Македонија ДООЕЛ од овој месец, покрај официјалното импортерство за брендовите Фолксваген, Ауди, Шкода и Фолксваген комерцијални возила, стана и генерален увозник за возилата од гамата на светски престижниот бренд Порше.
Господинот Тило Куш од вчера стапи на функцијата главен извршен директор на Македонски Телеком АД-Скопје, а во исто време ја превзеде и функцијата Претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија.
Од Управата за јавни приходи информираат дека барање за отпис на камати од заостанатите обврски по основ за придонеси од задолжително социјално осигурување се поднесува до УЈП.
Од утре, па се до 15 април во просториите на Метрополис арената ќе се одржи 25-oт Саем на книгата, каде посетителите ќе можат да ја видат најновата книжевна продукција од домашни и странски издавачи на вкупно 70 штандови.
Српската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот (СИЕПА), од 2006 година до сега одобрила 252 милиони евра за субвенции, за 222 проекти, чија вкупна вредност е 1,4 милијарди евра.
Кинеските туристи минатата година потрошиле 102 милијарди долари, со што Кина стана пазар број еден за светскиот туризам во смисол на потрошувачка, надминувајќи ги другите два пазари по потрошувачка, Германија и САД, чии туристи во светот потрошиле околу 84 милијарди долари.
Во обид да ги намали трошоците и да се фокусира на други канали за продажба на своите уреди, Нокиа ја затвори својата најголема продавница во Кина.
Отсега понудата на мобилниот оператор Vip го вклучува и BlackBerry® Z10, најбрзиот и најсофистициран смарт-телефон досега од брендот BlackBerry®.
Во Хрватска на почетокот на 2013 година продолжува низата негативни макроекономски показатели, од слабеење на потрошувачката до пад на извозот и индустриското производство, па рецесијата би можела да продолжи петта година по ред.
Британската компанија Асенд Капитал, која е и сопственик на Актив Груп со глобална мрежа од кол-центри во Европа и Африка, ќе инвестира во Македонија.
Во рамки на кампањата со која го промовира пакетот на производи, како одобрение за користење до три плати лимит, Халкбанк АД Скопје нуди исплата до 84 месеци на ненаменскиот потрошувачки кредит, со 7,7% каматна стапка.
Од јануари до октомври годинава стоковната размена со странство изнесува 8.602.599.000 долари при што вредноста на увозот е 5.310.721.000 долари, а извозот 3.291.878.000 долари.
Анализите потврдија дека е пронајдено зголемено присуство на тешки метали – олово во три од пет пратки пченица увезена од Србија.
Туристичките агенции и тур-операторите ќе добијат уште поголема поддршка за привлекување странски гости годинава.
Рускиот милијардер Александар Лебедев ја продаде авиокомпанијата Red Wings по цена од една рубља. На оваа компанија и беше одземена дозволата за летање, откако еден од Туполев авионите на 29 декември се урна при слетување во Москва и загинаа пет членови на екипажот.
Според податоците објавени за работењето во 2012 година, Ровио лани оствариле приходи од 152,2 милиони евра, што претставува раст од 101% во однос на претходната година.
Facebook најавува нова апликација Home за Android, која ќе го олесни споделувањето на статуси, слики и информации, односно ќе ги стави луѓето пред програмите.
Владата на Црна Гора одлучи да продаде 1.599 од вкупно 4.058 службени возила, а парите од продажбата ќе одат во државниот буџет.
Во Струга летово ќе почне да се гради Технолошко-индустриска зона која се очекува да отвори голем број работни места.
Информациите што успеале да ги соберат од бројни анонимни извори опфаќаат измами и договори во дури 170 земји, а на листата има имиња на политичари, ѕвезди, криминалци, олигарси, финансиери и многу други.
Три турски компании од областа на медицината, официјално ги најавија своите инвестиции во индустриската зона Бунарџик.
Случувањата поврзани со афлатоксините во млекото, што изминатиот период погодија неколку балкански земји, не се одразија врз продажбата на млекото и млечните производи од млекарници во Македонија.
Американската нафтена компанија Exxon mobil планира да направи најголема пловечка фабрика за течен природен гас (LNG) на светот, покрај западниот брег на Австалија.
По вчерашното завршување на Програмата за претпазливост, Мисијата на ММФ го започна мониторингот на состојбите во македонската економија.