Новости

Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април се повисоки за 0,2% на месечно ниво и за 1,2% на годишно ниво.
На Годишната конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013, Комерцијална банка АД Скопје ја доби плакетата за постигнато прво место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2012 година.
Агрокор својата понуда ја засновал врз берзанската котација на акциите на Меркатор на Љубљанската берза и таа изнесува околу 110 евра, додека MID Europa Partners се одлучил за поинаков пристап и не навел цена, туку понудил само докапитализација.
Уште една нова новина од ЕВН Македонија за своите корисници, овој пат станува збор за услугата - Говорно сандаче.
Француската компанија Danone, сопственикот на водата Евиан и брендот јогурти Активиа, објави дека купува 92% од капиталот на американската компанија за производство на органска храна за бебиња, Happy Family.
Светски познатиот бренд Хилтон, кој е водечки во секторот сместување, влегува во Македонија со потпишување договор за франшиза за отворање ексклузивен Double Tree By HILTON во Скопје, со Stone Bridge Hotel.
Метро група, една од водечките трговски комании во светот, размислува да се повлече од пазарите во Бугарија, Египет, Јапонија и Казахстан.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека ги поддржува напорите на Охридска Банка Сосиете Женерал за зголемување на кредирањето на македонскиот корпоративен сектор со средства во износ од пет милиони евра.
Новата технологија која нема да биде подготвена за комерцијалниот пазар до 2020 година, ќе го забрза преносот на податоци и за неколку стотици пати за разлика од технологијата 4G LTE.
Со новата владина реформа, чија цел е поедноставување на постапките и процесите за основање на фирма во Централниот регистар, се предвидува намалување односно укинување на трошоците на субјектите за регистрација на фирма.
Координацијата на трите синдикати на авиопревозникот Кроација ерлајнс најави дека утре, на 14 мај започнува штрајк на вработените во компанијата и дека ќе се штрајкува до исполнување на барањата.
Во текот на април 2013 година е забележан најголем пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија од почетокот на годината, информираше вчера Министерството за транспорт и врски.
Бизнис ангелите всушност инвестираат одреден процент од своите пари во бизнис проекти или старт-ап програми. Во САД, на пример, таа сума се движи од 150.000 долари, па сè до 2 милиони долари.
Кон крајот на годинава или на почетокот на наредната година треба да започне реализацијата на градежните активности за изградба на ХЕЦ Бошков Мост, најави генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски по посетата на хидроелектраните Равен и Вруток.
Ин Такси отсега ќе ги нуди своите услуги и во Куманово и Гостивар. Во Гостивар компанијата ќе биде препознатлива по името Беверли Хилс, додека во Куманово како Џокер Такси.
Како што покажуваа податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари - март 2013 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4,8 милијарди денари (78,6 милиони евра).
Деновиве од пристаништето Бар кон САД ќе тргнат 3.000 автомобили Фиат 500L. Ова е само првиот контигент, затоа што плановите на Фиат се на месечно ниво да извезува по 3.000 автомобили во Америка.
Владата одлучи наместо да воведе кризен данок, да ја зголеми стапката на ДДВ, ниската од 8,5% на 9,5%, а високата од 20% на 22%. Кризниот данок ќе остане како резерва ако до крајот на годината не се остварат целите за заштеда во јавниот сектор.
Со новите измени и дополнувањата на Законот за стечај се предвидува подобрување на бизнис климата, но и на условите на пазарот, особено во реалниот сектор и појасно и побезбедно регулирање на правата и обврските помеѓу субјектите на пазарот.
Кроација ерлајнс покрена постапка за откажување на договорите за работа на 42 членови на кабинскиот персонал. Компанијата смета дека масовните боледувања не биле предизвикани од епидемија, туку се резултат на организирана незаконска акција
Зголемување на работничките права и значително подобрување на работната позиција е целта на законот за заштита од вознемирување на работното место или популарно наречен закон за заштита од мобинг предложен од владата.
Наскоро ќе биде објавен огласот за давање во закуп 850 хектари државно земјоделско земјиште кое ќе може да се користи исклучиво за производство на сточна храна, изјави денес ресорниот министер Љупчо Димовски.
Хрватската градежна компанија Конструктор нема да оди под стечај, туку државата и банките ќе станат негови мнозински сопственици, објави ХРТ.
Јавниот повик се однесува на 731,6 хектари во вкупно 21 општина и тоа Берово, Битола, Македонски Брод, Валандово, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Крушево, Кратово, Кавадарци, Струга, Струмица, Пробиштип, Ресен, Велес, Штип, Гази Баба и Чаир.