Преку оваа платформа, освен развивањето на шаховска стратегија, играчите може да заработуваат пари и да освојуваат награди во својот домен, но и едни против други доколку се предизвикани.
Општествено одговорните практики (ООП) се директно поврзани со одржливиот развој и затоа треба да бидат стратегиски интегрирани во бизнис процесите на компаниите.
Поплаки најмногу има за несоодветно, некултурно или неправилно постапување на инспекторите.
Во трговијата на мало, во февруари 2015 година, во споредба со февруари 2014 година, гледано по групи и класи, бележи зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Зелените покриви имаат изолациски ефект, помагаат во намалување на потребната електрична енергија за затоплување на објектот во зима или за разладување во текот на летните месеци.
Бројот на работници во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 2,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Виталиа е првата компанија за здрава храна во Македонија, која го имплементира реномираниот IFS (International Food Standard) меѓународен стандард за квалитет и безбедност на храната.
Вкупните официјални девизни резерви на крајот на февруари, во однос на претходниот месец се намалени за 152.950.000 евра, покажуваат податоците објавени на Народна банка на Македонија.
Следуваат разговори за комерцијално производство.
Дел од нето добивката остварена по Годишната сметка на Охридска банка за 2014 година ќе остане нераспределена, а остатокот ќе оди во резервен фонд.
Во овие специјални капки за очи, главни состојки се: хемиски елемент chlorin E6 (Ce6), инсулинот и dimethylsulfoxide (DMSO).
Сопственикот на Агрокор, семејството Лукшиќ и првиот човек на Атлантик Група, Емил Тедески, се најбогати во Хрватска во 2014 година според магазинот Forbes.
Пазарот на осигурување во Република Македонија има огромен потенцијал за развој, а како показател за ова се износите на полисирана премија по глава на жител во Македонија и опкружувањето.
Овој квасец би можел да помогне во зголемување на концентрацијата на ресвератролот, моќен оксиданс што се наоѓа во виното.
LifePaint всушност не е боја, туку транспарентен спреј што не влијае врз бојата и површината на материјалите. Може да се нанесе скоро на сè и трае една недела од нанесувањето.
На денешното усно јавно наддавање за закуп и стопанисување со Скопската автобуска, што се одржа во просториите на Град Скопје, досегашниот концесионер Руле турс понуди највисока понуда.
Двајцата студенти по машинство, Виет Тран и Сет Робертсон, од Универзитетот Џорџ Мејсон стојат зад уникатниот изум за гасење на пожар, што ќе користи звук во борбата против пламените јазици.
Индустриското производство во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 3,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Почетниот интерес на туристичките агенции е огромен, а хотелот од буриња вратата за туристите ќе ја отвори кон средината на јуни.
Светскиот производител на спортска опрема Adidas планира да го забрза процесот на производство со цел да се овозможи пораст на продажбата и зголемување на профитот во следните пет години.
Сè е подготвено германски Lidl конечно да почне да работи во Србија, вели министерот за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ.
Претседателот на управниот одбор на ВВ Тиквеш и партнер во инвестициската група М6, Светозар Јаневски е добитник на меѓународната награда Креатори за столетијата за животно дело во претприемништвото.
Денеска во Скопје се организира Форум со работодавачи, на кој ќе бидат презентирани активните мерки и програми за вработување годинава.
Соодветно на компаниската политика, новоотворените маркети се опремени со голем избор на квалитетни производи по најпристапни цени, со цел да ги задоволат потребите на сите потрошувачи.