Возачот најпрво ќе има обврска да ги исчисти тркалата, да го нанесе спрејот, да причека пет минути да почне да дејствува и потоа автомобилот е подготвен за патување, исто како на себе да има ставено ланци.
Под мотото Види уметност онаму каде што другите гледаат само отпад, беа прогласени добитниците на првите три награди во двете категории на конкурсот Trash for art, распишан од страна на Пакомак.
Forbes Србија, како 37 интернационално издание на американскиот магазин, ќе се печати во тираж од 10.000 примероци, а предвидени се десет изданија годишно.
Во изминатиот 10-годишен период компанијата вложи 66 милиони евра во надградба на постоечката и во нова енергетска инфрастуктура со цел да се зголеми преносниот капацитет и да се подобри стабилноста и доверливоста на електропреносниот систем.
Во третиот квартал од оваа година, растот на нефункционалните кредити забрза и нивното учество достигна 12,2%, беше утврдено на седницата на Советот на Народна банка на Македонија.
Предновогодишно, телекомуникацискиот оператор ОНЕ ги изненадува своите постоечки, но и идни корисници со нова супер атрактивна промоција во мобилната постпејд телефонија.
Тенисерот потпиша договор со познатата модна куќа според кој ќе биде нивен глобален амбасадор и ќе ја промовира линијата на машка долна облека.
Најдобри резултати постигнале парфимериите и продавниците за козметички производи, по нив објектите за продажба на мебел, а на последно место се наоѓаат супермаркетите.
Преку подобрување на термоизолацијата и замена на старите системи за греење со модерни енергетски-ефикасни печки во нивните општински згради – како и преку користење енергетски-ефикасни сијалици на уличните светилки, заедницата ги намали трошоците и емисиите на стакленички гас.
Американскиот технолошки гигант Apple ја запира on line продажбата на своите производи во Русија, бидејќи вредноста на рубљата е исклучително променлива.
Богдановиќ продолжува да се натпреварува во изборот на еден единствен наставник кој ќе ја освои конечната титула Global Teacher Prize и наградата од еден милион долари.
Со внесување на празничната магија и украсување на нивните простории со Новогодишни и Божиќни мотиви, компаниите успеаја да го донесат позитивниот дух на претстојните празници во училиштето.
Неискористените хартиени пари од провинциите се доволни за годишно производство на 1,32 милиони kWh електрична енергија, за што инаку би биле потребни 4.000 тони јаглен.
Македонија е рангирана на 31 место меѓу 146 држави во светот во најновиот извештај на американскиот економски магазин Forbes за најдобри земји за бизнис.
Српската асоцијација на менаџери (САМ) по трет пат доделуваше награди за најуспешните оваа година, а главната награда Менаџер на годината ја доби директорот на белградскиот хотел Crowne Plaza, Живорад Васиќ.
Македонската асоцијација на преработувачи промовираше извозен каталог на англиски јазик, со детални податоци за компаниите од оваа индустрија и нивните производи, смрзнато, сушено и конзервирано овошје и зеленчук.
Wood u се мултифункционални женски чевли, направени од природни материјали, чиј горен дел лесно се менува. Passenger е јакна која може да се трансформира на седум различни начини, а е наменета за луѓе кои постојано патуваат.
Работилница за проектот Поддршка на националната програма за консолидација на земјоделско земјиште, што се остварува во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
ПроКредит Банка верува дека на ваков начин дава дополнителен придонес кон поттикнување и поддршка на развојот на агро бизнисот како една од најпотенцијалните гранки во македонската економија.
Вработените во Т – Мобиле и Македонски Телеком ќе им донесат радост на над 2.000 деца низ Македонија
Фондацијата Т - Мобиле за Македонија традиционално веќе 13 години по ред ќе организира хуманитарен Новогодишен карван за најранливите групи на деца.
Цената на земјоделското земјиште во Бугарија во 2015 година ќе паѓа за 10% до 15% поради слабиот интерес од страна на инвеститорите.
За да му го олесни животот со оваа дегенеративна болест, Кенет од пред две години почнал да работи на развој на уред, што ќе спречи неговиот дедо да станува од кревет без надзор од некој до членовите на семејството.
Компанијата Вивакс, најголемиот производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот Вива, го одбележа своето 20-годишно работење на македонскиот пазар.
City Boutique Hotel е првиот halal friendly хотел во Босна и Херцеговина, како и во регионот, покажуваат оценките на водечката светска институција за рејтинг на халал стандардите во угостителските објекти во светот – Halal Friendly Travel.











