Францускиот економист Жан Тирол (61) ја доби Нобеловата награда за економија за неговите анализи за моќта и регулацијата на пазарот.
Дел од податоците за локациите од бомбардирањата во 1944 година е познат, додека позициите на бомбите фрлени во Априлската војна 1941 година и за време на Првата светска војна не се познати.
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во утринските часови има појава на магла, особено во котлините.
Околу 400 домашни и странски компании ќе се претстават на 40-тото издание на Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита - Технома 2014, што ќе се одржува од утре до 18 октомври на Скопски саем.
По повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладта, прехранбената индустрија Благој Ѓорев од Велес ќе донира производи од својот асортиман на Црвениот Крст на општина Велес.
На 15 октомври на Економски факултет во Скопје, SWT Alumni Македонија ќе ја организира втората по ред Smart Up конференција, чија основна цел е да ги мотивира и да го поттикне претприемачкиот дух на младите во Македонија.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,2% на месечно ниво, додека за 1,3% на годишно ниво.
Првиот саем за вработување, ќе се одржи во вторник од 10 до 17 часот, во СЦ Борис Трајковски. Истиот е во организација на Агенција за вработување на Македонија.
Таканаречените “летечки дадилки“ им се достапни на патниците на долги летови во сите класи и им помагаат на децата да им биде забавно патувањето, да ги нахранат и да ги смират.
На 15 дена пред истекот на крајниот рок, 1.653 даночни обврзници успешно ја заокружија регистрацијата на 2.511 фискални системи на опрема со GPRS уред, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).
Темата на распишаниот конкурс беше Море. Новите норвешки круни ќе бидат пуштени во оптек во 2017 година.
Овој електричен автомобил има хардвер наречен autopilot, кој меѓу останатото препознава слики, па автомобилот може да “види“ знаци или пешаци.
Граѓани од ранливите категории до денеска имаат можност да поднесат барање за отпис на долговите до центрите за социјална работа, најдоцна до 16,30 часот.
Во Загреб минатата недела е отворено првото анти - кафуле во коешто се е бесплатно, освен времето поминато таму.
Македонското и грчкото грозје ќе ја спасуваат бугарската ракија поради слабата реколта во земјата оваа година, пишува Труд.
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во утринските часови има појава на магла во котлините.
АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат.
Ќе се разгледува можноста за зголемување на казните за фирмите кои не исплаќаат минимална плата, по што ќе следат одредени законски измени со кои тоа зголемување би се регулирало.
Прочитајте за бизнис идеите на креативците Александар Илоски, Дарко Николовски и Горан Мојаноски.
Компанијата Infinium Robotics, со седиште во Сингапур и САД, развива прототип на производ што во иднина ќе може да го замени персоналот за послужување во рестораните.
Во јануари 2014 година, широкопојасен пристап на интернет преку фиксна или мобилна конекција имале 93,1% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во август оваа година изнесува 1.214.562.000 денари, што во однос на истиот период лани, е зголемување од 11,5%.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ од денеска започнува нова супер атрактивна промоција во мобилен постпејд.
Нискобуџетната авио компанија Ryanair би можела наскоро да го поврзе аеродромот во Мостар со повеќе европски градови.










