Очекувањата на Пачев се цените на винските сорти грозје да бидат околу еден лев (31,5 денари) за килограм, малку повисоки од минатогодишните.
Станува збор за паметен телефон на Samsung во чија изработка се користи метал, а тоа само по себе претставува новина.
Компанијата од продавници што продаваа облека Zara од минатата сезона ја трансформира Lefties во посебен бренд со сопствени колекции и имиџ на продавач на евтина облека.
Агенцијата за катастар на недвижности денеска треба да информира за прогресот што е направен во процесот на дигитализација на катастарските планови, која е последната фаза од регистрацијата на недвижностите.
Според министерот за транспорт, Лутфи Елван, Ердоган заслужува аеродромот да го носи неговото име.
Покрај излагачи од Југозападниот регион на Македонија кои беа присутни и во минатите изданија, годинава за прв пат свои штандови ќе имаат и производители од Ресен и Корча – Албанија.
Вилата ја изградил негов близок соработник, за да има каде Мусолини да ги поминува деновите од староста, но тој никогаш не стапнал во неа.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер, кој во попладневните часови долж Повардарието ќе се засилува.
Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од З.П. Кула - до тунелот Катланово) сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
НЛБ Тутунска банка АД Скопје оствари нето добивка во висина од 353.182.000 денари во првото полугодие од 2014 година, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Комисијата за хартии од вредност даде одобрение на Охис да издаде четврта емисија на 99.747 обични акции во износ од 5.099.964,36 евра за зголемување на основната главнина наменети за Република Македонија
Во првите шест месеци од 2014-та година, во споредба со истиот период лани, Групацијата Триглав оствари пораст од 23,3% во нето добивката, која изнесуваше 56,3 милиони евра.
Вкупно 169 одобренија за градење се издадени во јуни, што е за 6,1% помалку во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Соработката на компанијата Пакомак со единиците на локална самоуправа низ Македонија продолжува со донација на нови жолти контејнери за селективно собирање на амбалажниот отпад во општина Кичево.
Поради кризата на пазарот со недвижности, во Загреб се појави прв случај на распродажба на цела станбена населба.
Се одржа осмата седница на Управниот комитет на твининг - проектот Поддршка на Државниот завод за статистика (ДЗС) за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ.
Најновите показатели за економската активност укажуваат на задржување на поволните трендови и можност за остварување солидна стапка на економски раст и во второто тримесечје од годината.
Кравите спијат на удобни прекривки, одат по сунѓери од латекс, слушаат класична музика и севдалинки. Во шталата се поставени вентилатори, модерен систем за осветлување, а кравите редовно се капат.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, денеска ќе одржи работен состанок со винарите и лозарите.
Бугарија во Русија најмногу извезува праски и круши. Тие сега ќе останат на бугарскиот пазар, кој е преплавен од грчки производи.
Мобилниот оператор Вип ги објави деловните резултати во вториот квартал од годината, кои покажуваат дека компанијата остварила пад на приходите и на добивката на годишно ниво.
Турската компанија Rixos, чие седиште се наоѓа во Дубаи, покажала интерес да гради туристички комплекс од висока категорија во Улцињ.
Целата територија на Македонија, денеска и утре ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата алертна фаза. Температурите, зависно од регионот, ќе се движат од 30 до 40 степени.
Поради топлотниот бран во Македонија, препорачуваме да се одбегнува патување во периодот од 10 до 17 часот, кога температурите се највисоки.











