Специјалното издание на Буба кабриолет може да се нарача со сите можни варијанти на мотори именувачи.
Еднократното отпишување ќе се однесува на долговите за искористена топлинска енергија заклучно со 31 декември минатата година кои не се наплатени подолго од 12 месеци, а за кои е почната постапка за наплата.
На територијата на Словенија веќе се на терен мобилни тимови со 171 инспектор кои бараат неправилности во работи како давање часови, чување деца, лични тренери, чистење, козметички услуги, сезонски работи...
Целта на проектот Отворени социјални денови е Министерството непосредно да допре до што е можно повеќе оддалечени и тешко пристапни населени места ширум нашата држава.
Инспирирани од цените кои ќе бидат намалени и до 80%, Скопје Сити Мол ги кани сите љубители на шопингот да ја искористат Last Minute распродажбата која ќе се реализира од 20 до 25 август.
Целта на проектот е да се открие како чоколадото да остане во цврста форма и да го зачува квалитетот при чување и продажба на места со топла клима.
Многу ресторани и кафулиња сакаат да се збогатат во само една летна сезона.
Очекувано, град со најскап час паркинг на Јадранот е Дубровник, каде 60 минути во најскапата зона чинат 320 денари, односно 7.000 денари за дневен билет.
Недоставувањето геодетски елаборати, но и нерешените имотно-правни односи се клучните причини кои го забавуваат процесот на легализација.
Стечајната управа на соланата Бајо Секулиќ во Улцињ објави вчера нов тендер за продажба на целокупниот имот по почетна цена од 179 милиони евра.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Во поголемиот дел од земјата температурата благо ќе опадне.
Во склоп на реконструкција на улицата Александар Урдаревски од 18.08.2014 до 22.08.2014 и од 25.08.2014 до 29.08.2014 ќе се изведуваат инженерско-геотехнички работи на делницата од с. Горно Оризари до клучката Бразда-Мирковци.
Претстојниот Пиволенд ќе понуди пет дена забава со преку 50 видови пиво, добра храна и одлична музика. Фестивалот почнува утре во 18.00 часот на скопско Кале, а ќе трае до недела.
До 15 септември лицата кои живеат во станови доделени од државата врз основ на ниски приходи ќе мора да се произнесат дали ќе го продолжат договорот за закуп на становите или ќе ги откупат според новите поволности кои треба да ги донесе Владата на Република Македонија.
По Загреб, Икеа ќе гради центар и во Љубљана, уште два во Хрватска (Сплит и Риека) и пет во Србија (два во Белград, по еден во Ниш и Нови Сад и еден во централна Србија).
Ројал Васе, компанија која врши продажба на станови во кои самите инвестираат и ги градат, воведе снимање од хеликоптер за секоја фаза од градењето.
Бустос им прави фризури на бездомници насекаде низ Њујорк, придружуван од неговата девојка која им купува и им носи храна.
Според турскиот претставник, со овој проект ќе се отворат 7.500 работни места, а очекуваниот извоз на млеко и месо е околу 256 милиони евра годишно.
Програмата на Школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.
На доделувањето на меѓународните награди, стручното жири го прогласи Audi Сингапур за Најдобар малопродажен објект во регионот Азија Пацифик.
Дополнителна предност е што за да се започне да се штеди не е потребно голем влог, како што е случај со ороченото штедење во речиси сите банки кај нас.
Според податоците на Државниот завод за статистика во првите шест месеци од годинава градежните компании договориле работа во странство во износ од 6.046.991 илјади денари, што е за 27,7% повеќе од овој период лани.
Од фабриката за чевли Борово наскоро може да почнат да излегуваат чевли со потпис на познатите италијански произведувачи на обувки и дизајнери Франко Балини и Џани Зилиоти.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во второто тримесечје од 2014 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2014 година, како и очекувањата за економската состојба во наредниот период.










