Во Скопје денеска ќе се одржи единствениот Младински саем во земјава на кој ќе се презентираат над 70 младински организации од Македонија и Европа.
Кај сите други земји кои се приклучија кон ЕУ по 2004 година е регистрирано намалување на странските инвестиции. Најдраматичен пад е регистриран во Полска и Словачка, од 92,6%, односно 79,8%.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ го збогатува своето ИТ портфолио на услуги со три Cloud решенија кои на корисниците ќе им овозможат поедноставно деловно работење.
Сите даночни обврзници кои од наредниот месец ќе преминат во тримесечни ДДВ обврзници, а кои не се регистрирани на системот за електронско пријавување на ДДВ во Управата за јавни приходи, потребно е да се регистрираат.
Данска, Германија и Турција се земји што имаат најдобра дисциплина за плаќање во Европа, а најлоша е наплатата во Португалија.
Изминатиот викенд во Британија беа поделени првите клучеви од моделот S. Со модел S дома си замина и авторката на бестселерот “50 нијанси сиво”, Е. Л. Џејмс, но не со сив, туку со црвен автомобил.
Компанијата Т - Мобиле Македонија ја промовира услугата MobyPay за безготовинско плаќање преку мобилен телефон.
Само за кредити, граѓаните на крајот на април биле задолжени 853,2 милиони евра. Според податоците на Централната банка на Црна Гора, граѓаните најмногу должат за станбени кредити, 298,2 милиони евра.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 9,9%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 11,1%.
Претседателот на PayPal, Дејвид Маркус, се откажува од својата досегашна позиција, со цел да се приклучи кон Facebook.
Топењето на арктичките глечери може да ослободи вистинска лавина од пластика во океанот во следните десет години.
Загрепскиот Жупаниски суд го потврди обвинението против претседателот на Управата на унгарската нафтена компанија МОЛ, Золт Хернади, кој се терети дека го подмитил поранешниот хрватски премиер Иво Санадер за оваа компанија да добие мнозински управувачки права во ИНА.
Компанијата Витаминка од Припел на своите акционери дивидендата за минатата година ќе им ја исплати до 30 септември оваа година.
Дата центарот е проектиран според најдобри светски стандарди, а во рамките на првата фаза се уредени 450 метри квадратни серверски простор.
Во втората фаза на продажната постапка ќе бидат повикани оние инвеститори кои предале економски најдобра понуда и кои се финансиски и правно подготвени да конкурираат за преземање на оваа словенечка компанија. Повикот ќе го добијат до крајот на оваа недела.
Сите правни лица што поседуваат недвижен имот на територија на Скопје, а имаат неплатен долг по основ на данок на имот заклучно со 2013 година, да ги намират своите обврски.
Двата дрона имаат за цел да ја снимаат ситуацијата на полињата и со тоа им помагаат на земјоделците во наводнување и управување со површините засадени со најразлични култури.
Најчестите бариери за инвестиции во обновливите извори се бавното издавање на лиценци и долгата процедура за трансформација на земјиштето.
Браникот Musguard е многу практичен. Тежи само 35 грама и не треба посебен алат за да се монтира. Го има во повеќе бои, а изработен е од цврста, еластична фолија која може да се рециклира.
Компанијата Авиоимпекс регистрираше загуба од 5.842.000 денари во текот на минатата година, стои во билансот на успех на компанијата.
Во април оваа година се издадени 205 одобренија за градење што е за 14,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Туристите, доколку сакаат бесплатен Wi - Fi, можат да добијат лозинка и корисничко име само ако го покажат својот пасош на аеродромите или во туристичките информативни центри.
Трошоците на живот и на цените на мало во мај оваа година, во однос на претходниот месец, бележи пораст од 0,3%.
Од здруженијата на угостители во Хрватска апелираат угостителите да предаваат барања за дозволи за продолжено работно време, затоа што доколку немаат дозвола, казните се големи, околу 4.000 евра или затворање на објектот на 30 дена.











