Иловица ќе има годишен капацитет од 10 милиони тони руда и годишно ќе произведува просечно по 95.000 унци (2,7 тони) злато и 16.000 тони бакар
Компанијата ангажираше и надворешни експерти и универзитетски професори со цел да им помогнат на вработените да се “изборат“ со поголема сума на пари што ќе им биде ставена на располагање.
Eдна од главните грешки е тоа што неговиот бизнис се фокусираше на производот што беше дизајниран за негови потреби, а не за потребите на пазарот.
Почетокот на туристичката сезона во Дубровник е време кога цените почнуваат да растат, а да се пронајде слободно паркинг место е вистинска среќа.
Дизајнерката на Парис Хилтон, Хелена Кристенсен и Кели Озборн ја посети Македонија и ја претстави својата ексклузивна колекција скапоцен дијамантски накит.
Идејата за ваков производ на Милром и се наметна поради желбата за водење здрав живот, но поради брзото темпо на живот, не секогаш на дофат ни се здравите и природни состојки.
Банките во Европа ќе мора да плаќаат казнена камата доколку одлучат да депонираат пари во ЕЦБ, наместо да ги пласираат во реалниот сектор.
CEED Србија денеска е домаќин на годишната регионална конференција, на која присуствуваат преку 100 претприемачи од седум земји во регионот, кои во Белград ќе ги споделат своите искуства од CEED мрежата.
Паркот се состои од 19 турбински генератори со вкупна инсталирана моќност од 43,7 мегавати, кои треба да произведуваат околу 100 гигават часови електрична енергија годишно.
Македонска берза во мај оствари промет од 391.797.251 денари, што во споредба со претходниот месец, кога беше на ниво од 146.670.828 денари, значи пораст од 118,04%.
Стотици производи за домот, по несекојдневни и специјални цени, ќе бидат изложени на 7.000 метри квадратни, во три хали и на повеќе од 60 штандови.
Најголем дел се фрла поради строгите рокови за продажба, големи понуди, лошо чување. Граѓаните храната најчесто ја фрлаат поради истечен рок.
Македонската компанија за изработка на мебел OTO Мебел маркет започнува со донаторска акција наменета за опремување на просторија во Интернатот Гоце Делчев во с. Љубанци.
Осигурителната компанија Винер во првиот квартал оствари зголемување на полисираната премија за 13% и раст на профитот за 96%.
Цените на угостителските услуги во мај 2014 година, во споредба со април 2014 година, остана на исто ниво.
Трговскиот дефицит во периодот од први април до крајот на април изнесува 805.536.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Компанијата Макотекс минатата 2013 година ја заврши со загуба од 9.431.581 денари.
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во првото тримесечје од оваа година, во однос на истиот период лани, бележат намалување од 1,6%.
Лебното жито засега ветува добар род, а доколку во следните месец дена временските прилики се поволни, Србија ќе има пченица и за извоз, пишува Политика.
Уникатниот билборд долг 88 метри е направен од специјални материјали што ги апсорбираат токсините во реките, а неговиот капацитет е филстрирање на 8.000 литри вода дневно.
Компаниите за крстарење наплаќаат до 20 долари за половина час интернет пристап. Бродовите за Wi-Fi најчесто користат сателитска технологија и затоа се слаби конекцијата и брзината. Skype и видео-стримингот најверојатно нема да работат или ќе прекинуваат цело време.
Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија и директорите на агенциите за катастар од земјите од Западен Балкан со Шведската агенција за меѓународен развој потпишаа договор за грант во висина од 4,2 милиони евра.
Пазарот на осигурување во Република Македонија последите години бележи позитивна стапка на растеж, како во делот на неживотното осигурување, така и во делот на осигурувањето на живот.
Erasmus Locator содржи податоци за локации и работи што им се потребни на новите студенти, класифицирани по категории. Податоците се врзани само за Загреб, но откако апликацијата ќе се стави на пазарот, ќе се генерираат и други податоци.