Јужна Кореја ќе инвестира 1,5 милијарди долари во развивање на 5G технологија која ќе биде дури 1.000 пати побрза од 4G LTE.
Од полноќ за половина денар поскапуваат малопродажните цени на горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во декември 2013 година како понеповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна во однос на декември 2012 година.
Можностите за водење бизнис и поволностите што им се нудат на странските инвеститори ќе бидат презентирани пред околу илјада меѓународни компании и владини претставници кои присуствуваат на Самитот во Бангалор во Индија.
Општина Штип апелира до граѓаните кои се засегнати со легализација на бесправни објекти на земјоделско земјиште, што побргу да достават документација или истата да ја докомплетираат ако се пријавиле.
Економистите сметаат дека ваквиот потег би имал смисол само ако радикално се работи и на расходната страна на буџетот. Во спротивно, се работи само за чисто купување на време и почеток на уривањето на пензискиот систем.
Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската агенција за развој и соработка ќе финансираат неколку регионални инфраструктурни проекти од голема важност за Југозападниот плански регион.
Македонска берза од денеска привремено ја исклучи брокерската куќа ПЕОН брокер АД Скопје од членството во берзата.
Машинскиот факултет од Скопје и Техничкиот факултет од Битола ќе ги спроведуваат обуките за полагање на испити за енергетски контролори
Сумата за продажба не е позната, но вредноста на социјалната мрежа е проценета на 3-4 милијарди долари.
Компаниите Далија-табак од Делчево и Соко-та од Битола од тутунопроизводителите во општините Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово до сега имаат откупено над 120 тони тутун.
На рудникот за бакар и злато Бучим од Радовиш му се изречени две глоби во висина од 123.000 евра. Едната е за непријавено истекување отпадни материи, а втората за пропусти во делот на Законот за работни односи и техничката заштита на вработените.
Велес располага со повеќе локации и капацитети кои можат да се искористат и да се понудат на странски инвеститори. Во тек се разговори со нови странски компании кои се заинтересирани да инвестираат во овој регион.
Српскиот министер за економија, Саша Радуловиќ, во саботата поднесе оставка поради немање на политичка волја да се спроведат економските реформи во земјата.
Европската комисија поднесе жалба против Словенија затоа што не го испочитувала рокот да ги отстрани и санира двете незаконски депонии со висока содржина на тешки метали, непосредно во близината на Цеље, кои се закана за здравјето на луѓето.
Државна лотарија на Македонија, од денес ќе постави отворен пункт за оставање коверти за учество во наградната игра Фискална во рака - награда без мака, на Плоштад Македонија во Скопје на две локации.
Проектот за изработка на апликацијата траеше три месеци, а корисниците ќе можат да ја симнуваат преку Google play.
Земјоделскиот инспекторат денеска ја укина забраната за откуп на тутун на Прилепскиот тутунски комбинат, со што на Комбинатот му е дозволено од понеделник да продолжи со откупот на тутунот.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 668.003 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува раст од 5,4%.
Од 1 февруари, г-динот Андреас Маиерхофер стапува на позицијата главен извршен директор на Македонски Телеком АД-Скопје, а во исто време е избран и за претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија.
Бизнисмени од Ирак од следната недела ќе бидат во посета на Македонија за да се запознаат со нејзините стопански потенцијали.
Девет светски компании или конзорциуми конкурирале на тендерот за изготвување на план за реорганизација на рударско металурчкиот комбинат Трепча, објави Косовската агенција за приватизација
Тоа е многу повеќе од истиот период 2012 година, кога банките забележале 270,4 милиони евра загуба.
САД го одбија барањето на српската авиокомпанија Air Serbia да ги понуди своите услуги на американскиот пазар преку код-шер договори со Etihad Airways и други компании, наведувајќи дека таквата одлука не би била од јавен интерес.