Турската централна банка за денеска свика итен состанок на одборот за монетарна политика, поради загриженоста од силниот пад на лирата во однос на еврото и доларот.
Со оглед на тоа дека се работи за богат крај со нафта, неразвиена индустрија, овој пазар е во фокус на многу производители.
Меѓу компаниите кои ќе се приватизираат преку тендер се Монтенегро ерлајнс, Јадранско бродоградилиште, Нов тутунски комбинат, Монтекарго, Будванска ривиера, Улцињска ривиера и Институтот за црна металургија.
Светска банка е оптимист во однос на состојбата со невработеноста во Македонија. Во изминатите години преземени се многу реформи во делот на политиките за вработување и очекуваме да видиме резултати.
Во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се склучија првите пет договори согласно изменетата програма на ИПАРД за 2007-2013 година.
Општина Свети Николе започна со реализација на три проекти од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој кои предвидуваат доизградба на канализациска мрежа во село Горобинци
Карл Слим, директорот на најголемиот индиски произведувач на автомобили Tata Motors почина по пад од прозор од хотелската соба во Бангкок, а полицијата во понеделникот изјави дека веројатно се работи за самоубиство.
Американски Tesla Motors најави дека својот Модел S ќе го продава во Кина по цена од 121.000 долари, оценувајќи дека оваа релативно ниска сума претставува "голем ризик" за кинескиот пазар, затоа што купувачите би можеле да помислат дека се работи за возило со понизок квалитет.
Општината Каен од француската провинција Долна Нормандија, финансиски ќе ја поддржи изработката на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид.
На студентите им е неопходна активна соработка со компаниите за да бидат конкурентни на пазарот на труд. Од факултетите добиваат теоретска настава, но не и доволно пракса.
Let’sfundit.mk ќе дозволи објавување на проекти од следниве категории: Уметност, Стрипови, Земјоделство, Професионално танцување, Дизајн, Мода, Цивилно општество, Филм и видео, Храна, Игри, Музика, Издавачка дејност, Технологија, Tеатар, Start Up, Фотографија.
Јужна Кореја ќе инвестира 1,5 милијарди долари во развивање на 5G технологија која ќе биде дури 1.000 пати побрза од 4G LTE.
Од полноќ за половина денар поскапуваат малопродажните цени на горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во декември 2013 година како понеповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна во однос на декември 2012 година.
Можностите за водење бизнис и поволностите што им се нудат на странските инвеститори ќе бидат презентирани пред околу илјада меѓународни компании и владини претставници кои присуствуваат на Самитот во Бангалор во Индија.
Општина Штип апелира до граѓаните кои се засегнати со легализација на бесправни објекти на земјоделско земјиште, што побргу да достават документација или истата да ја докомплетираат ако се пријавиле.
Економистите сметаат дека ваквиот потег би имал смисол само ако радикално се работи и на расходната страна на буџетот. Во спротивно, се работи само за чисто купување на време и почеток на уривањето на пензискиот систем.
Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската агенција за развој и соработка ќе финансираат неколку регионални инфраструктурни проекти од голема важност за Југозападниот плански регион.
Македонска берза од денеска привремено ја исклучи брокерската куќа ПЕОН брокер АД Скопје од членството во берзата.
Машинскиот факултет од Скопје и Техничкиот факултет од Битола ќе ги спроведуваат обуките за полагање на испити за енергетски контролори
Сумата за продажба не е позната, но вредноста на социјалната мрежа е проценета на 3-4 милијарди долари.
Компаниите Далија-табак од Делчево и Соко-та од Битола од тутунопроизводителите во општините Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово до сега имаат откупено над 120 тони тутун.
На рудникот за бакар и злато Бучим од Радовиш му се изречени две глоби во висина од 123.000 евра. Едната е за непријавено истекување отпадни материи, а втората за пропусти во делот на Законот за работни односи и техничката заштита на вработените.
Велес располага со повеќе локации и капацитети кои можат да се искористат и да се понудат на странски инвеститори. Во тек се разговори со нови странски компании кои се заинтересирани да инвестираат во овој регион.











