Српскиот министер за економија, Саша Радуловиќ, во саботата поднесе оставка поради немање на политичка волја да се спроведат економските реформи во земјата.
Европската комисија поднесе жалба против Словенија затоа што не го испочитувала рокот да ги отстрани и санира двете незаконски депонии со висока содржина на тешки метали, непосредно во близината на Цеље, кои се закана за здравјето на луѓето.
Државна лотарија на Македонија, од денес ќе постави отворен пункт за оставање коверти за учество во наградната игра Фискална во рака - награда без мака, на Плоштад Македонија во Скопје на две локации.
Проектот за изработка на апликацијата траеше три месеци, а корисниците ќе можат да ја симнуваат преку Google play.
Земјоделскиот инспекторат денеска ја укина забраната за откуп на тутун на Прилепскиот тутунски комбинат, со што на Комбинатот му е дозволено од понеделник да продолжи со откупот на тутунот.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 668.003 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува раст од 5,4%.
Од 1 февруари, г-динот Андреас Маиерхофер стапува на позицијата главен извршен директор на Македонски Телеком АД-Скопје, а во исто време е избран и за претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија.
Бизнисмени од Ирак од следната недела ќе бидат во посета на Македонија за да се запознаат со нејзините стопански потенцијали.
Девет светски компании или конзорциуми конкурирале на тендерот за изготвување на план за реорганизација на рударско металурчкиот комбинат Трепча, објави Косовската агенција за приватизација
Тоа е многу повеќе од истиот период 2012 година, кога банките забележале 270,4 милиони евра загуба.
САД го одбија барањето на српската авиокомпанија Air Serbia да ги понуди своите услуги на американскиот пазар преку код-шер договори со Etihad Airways и други компании, наведувајќи дека таквата одлука не би била од јавен интерес.
Индо минерали и метали во рок од десет дена треба да ја достави на увид техничката документација за покривање на бетонските канали за пренос на јаловина од технолошките процеси од флотацијата во рудникот Злетово
Toyota за 2013 година е пред американски General Motors со 9,7 милиони продадени возила и Volkswagen, со продадени 9,5 милиони.
Земјоделците при средбите најмногу се интересираат за субвенциите за 2013 година и дали тие ќе продолжат и понатаму, а потоа за ИПАРД програмата и програмата за рурален развој чие аплицирање заврши на 15 јануари.
Централниот регистар во рамки на Отворените денови ја посети општина Гевгелија каде одржа презентација на проектите кои треба да им ги олеснат и поедностават работите на лицата кои се должни да изготвуваат и поднесуваат финансиски документи.
Досега соработувавме со Дрекслер Маер, Комберт и Шуберт во Битола, потпишавме договор и со Амфенол, а активно работиме и со компаниите кои треба да инвестираат во Кичево, Струга и Охрид
Македонија не е исклучена од влијанието и последиците од климатските промени и е една од земјите кои се сметаат за најзагрозени според проектот на Светската банка, каде спаѓаат и Албанија, Молдавија, Узбекистан и Таџикистан
Facebook се рашири како заразна болест, но полека стануваме имуни на неговата привлечност и платформата на големо ќе биде напуштена до 2017, велат научници од Принстон универзитетот, пренесува Гардијан.
Македонија во 2022 година да престане да произведува електрична енергија од јаглен, предвидува студијата изработена од проф. д-р Стефан Бужаровски и д-р Стивен Глин заедно со Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје.
Пентагон најави дека до крајот на месецов на своите вработени ќе им подели 80.000 BlackBerry телефони. Пентагон ќе набави и 1.800 телефони од Apple, Samsung и Motorola.
Во 2014 година ќе се финансираат 134 проекти за рурален развој, а за нив се одвоени 1,045 милијарди денари, што е највисока поддршка досега за локалната самоуправа и по обем и по квалитет, истакна денеска заменик министерот за земјодество Зоран Коњановски.
Граѓаните на Србија на крајот на 2013 година на банките и лизинг компаниите им должеле по 836 евра по глава на жител, изјави генералниот секретар на Здружението на банкари на Србија, Верољуб Дугалиќ.
Француската банка Credit Agricole објави дека се договорила со бугарската банка Corporate Commercial Bank да потпишат договор за продажба на својата бугарска филијала, пишува Ројтерс. Договорениот износ не е објавен.
Полицијата барала документација поврзана со одобрени кредити што ХБОР во последните неколку години ги делела надвор од пропишаните правила или процедури, јавуваат хрватските медиуми.











