За поттикнување на вработувањето и развојот на вештините за вработување во земјава се наменети вкупно 64 милиони евра, 54 милиони евра од Европската унија, а останатите се обезбедени од државниот буџет. Досега се распределени 14 милиони евра за тековни проекти.
Во македонското млеко нема присуство на афлатоксин над дозволеното ниво, а се контролира и сточната храна во земјава, тврди министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.
Менаџирањето не се остварува на ниту еден друг начин освен преку комуницирање, а еден од главните елементи на комуникацискиот процес е слушањето.
Твитер апелираше до своите корисници да избираат посилни лозинки за своите профили и тоа неколку дена откако беа хакирани корпоративните профили на Burger King и Jeep.
Хрватскиот производител на млеко и млечни производи Дукат, привремено го стопираше откупот на свежо сурово млеко од 180 фарми во источна Хрватска, поради зголеменото ниво на афлатоксин, се вели во хрватските медиуми.
Новиот Chevrolet SS (Super Sport) нема да се увезува во Израел, поради тоа што неговото име потсетува на Schutzstaffel, моќна паравоена организација предводена од Хајнрих Химлер во времето на нацистичка Германија.
Албански универзитетски професори, претставници на албанското министерство за земјоделство, како и земјоделци од Албанија го посетија неготинското село Тимјаник за да се запознаат со бизнисот на семејството Мојсовски, кое произведува сертифициран лозов калем.
Туристичките работници од југот на Хрватска предвидуваат дека поради воведувањето на визи можат да изгубат од 5% до 20% посетители од Турција и Русија, кои се познати како добри потрошувачи.
Во текот на следната недела Регулаторната комисија за енергетика ќе предложи намалување на цената на топлинската енергија од 13,26% за граѓаните кои се греат преку Балкан енерџи груп и 14,92% за оние што се греат преку топланата Скопје Север.
Работникот во Босна и Херцеговина мора да потроши преку 80% од парите што ги заработува за храна, додека во Европската унија е доволно 15% од платата за да се купи храна за цел месец.
Руско-македонската фармацевтска компанија Продис, започна да ги извезува своите производи на рускиот пазар.
Единствено спорна од увезените млека од Србија е одредена количина од производот Moja kravica 2,8%MM, со рок на траење до 14 август 2013.4EN 10, од производителот Imlek Белград.
Србија, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора потврдиле дека ќе го потпишат договорот, а идејата е останатите земји од регионот истото да го сторат подоцна.
Македонските компании искористиле половина од евтината кредитна линија од Европската инвестициска банка.
Хрватската фармацевтска компанија Белупо пратила писмо со намери за преземање на српската Галеника. За Галеника, освен Белупо, заинтересирани се уште три компании, Valeant Канада, Batterjee Pharma од Саудиска Арабија и SCS International Сад.
Европската Унија, во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка, ќе ја финансира реконструкцијата на реката Брегалница во централното градско подрачје на Берово.
Amnesty International Хрватска престанува со работа во оваа земја. Ова го соопшти директорката на АИ Хрватска, Сања Фрајбергер, која им се заблагодари на сите коишто финансиски, но и со друга поддршка придонеле за промовирање и заштита на човековите права ширум светот.
Либерализацијата на пазарот на електрична енергија што требаше да се случи од 1 јануари не зависи од ЕВН Македонија, велат од компанијата, по вчерашната изјава на Кочо Анѓушев, новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација.
Предавачи на овој модул се Данче Чакаровска - Гроздановска, адвокат и правен консултант од адвокатската канцеларија Чакаровска и Весна Костовска, раководител на правниот оддел во EOS Матрих.
Одлично оди враќањето на долгот кон стопанството. Ликвидноста е подобрена и сметам дека целосно ќе го испочитуваме рокот што е даден до крајот на месецов, изјави Ставрески.
Кочо Анѓушев е новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Македонија. Анѓушев на раководното место во МЕА доаѓа по Димитар Хаџимишев кој ја извршуваше оваа функција 17 години.
Ѕeat Leon е избран за Автомобил на годината во Македонија, од страна на националното жири, и со тоа стана 18-ти освојувач на оваа титула.
Компанијата Microsoft сопшти дека Hotmail во целост ќе биде заменет со Outlook, со што тој ќе стане неговиот официјален сервис за мејлови.
Шкода ја промовираше GreenFuture стратегијата за животна средина, чија цел е да се подобри одржливоста на компанијата. Фокусот на стратегијата е производство на енергетски ефикасни возила и промовирање на поефикасна употреба на ресурсите во рамките на компанијата.